Главна страница

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Св. Јован Дамскин, покровител на OrthodoxWiki
Св. влмч. Димитриј, покровител на Православната енциклопедија

Добредојдовте на OrthodoxWiki — онлајн православна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на 12 различни јазици. Името OrthodoxWiki е кованица од Orthodox, грчки збор што значи „Православно“ и Wiki, хавајски збор што значи „брзо“ а бил присвоен да опише вид соработнички софтвер во кој секој може да придонесува. Техничката поддршка на македонската локализација на Православната енциклопедија ја спроведува тимот на македонскиот православен сајт Православие.мк. Помогнете и вие, со взаемна вера, љубов и труд да го создадеме наjголемиот Православен информативен центар на македонскиот кибер-простор. Почнувајќи од јули ’2007, на OrthodoxWiki на македонски креирани се 690 статии. Доколку сакате, можете веднаш да се регистрирате или најавите и почнете да ги уредувате содржините на Православната енциклопедија. Редакцијата на OrthodoxWiki го избра Свети великомаченик Димитриј Солунски мироточив за свој небесен покровител и застапник во прославувањето на Пресветата Троица и пренесувањето на богатите ризници на Православната Црква. Небесен покровител на глобалниот проект е Свети Јован Дамаскин.

Ве молиме, одвојте дел од вашето време за да прочитате што е, а што не е OrthodoxWiki.

Други јазици: Англиски/English | Арапски/العربية | Бугарски/Български | Грчки/Ελληνικά | Италијански/Italiano | Португалски/Português
Романски/Română | Руски/Русский | Тагалошки/Tagalog | Француски/Français | Шпански/Español
Доколку сте заинтересирани да ја локализирате Православната енциклопедија на својот јазик, погледнете: тука.

Денес е 21 ноември:
Собор на Архистратиг Михаил и останатите бесплотни (бестелесни) Сили Небесни, Архангел Гавриил, Рафаил, Уриил, Селафиил, Јегдиил, Варахиил и Јеремиил; Свети Ангел Лерински.

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.

Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.

Повеќе

  • Првите пет земји со најголем број на православни верници во светот се: Русија, Романија, Грција, Србија и Бугарија.
  • Светиот апостол Урбан, еден од седумдесетмината Христови ученици, бил поставен за епископ на Македонија од страна на светиот апостол Андреј Првоповикан.
  • Светиот Нифонт II Константинополски три пати бил избран за архиепископ Константинополски, а неговата служба траела само четири години, односно прв пат од 1486 до 1488 и втор пат од 1497 до 1498. Кога по трет пат го избрале за архиепископ, светиот Нифонт одбил и се повлекол во манастирот Дионисијат на Света Гора.
  • Шестиот вселенски собор (наречен и Трет Цариградски собор) траел речиси 11 месеци, и тоа од 7 ноември 680г. до 16 септември 681г. На него биле присутни околу 174 епископи, а била осудена монотелитската ерес која се појавила и раширила педесет години порано.
  • Православниот богословски институт „Св. Сергeј“ во Париз, Франција е основан во 1925 година.
  • Познатиот црковен историчар Евсевиј, еп. Кесариски бил роден во Палестина, а се школувал во Ерусалим и Антиохија.
  • Прв епископ Ерусалимски бил св. праведен Јаков, брат Господов, кој истовремено бил еден од седумдесетемина апостоли.
  • Синајскиот манастир на св. вмч-чка Екатерина бил изграден од страна на св. цар Јустинијан I, на местото на кое, според библиското предание, на Мојсеј му се јавил Бог и му ги предал десетте заповеди.
Категории и статии
Основни поими
Пресвета Троица, Бог Отец, Бог Син, Бог Свет Дух, Пресвета Богородица, Света Евхаристија, Свети Тајни, Православна Црква, Вовед во Православие
Духовност, Литургика и Богословие
Аскетика, Библија, Догматика, Западен обред, Обреди, Еклисиологија, Празници, Проповеди и трактати, Свети Тајни, Свето Писмо, Црковен календар
Светители
Англо-Саксонски светители, Американски светители, Библиски светители, Бугарски светители, Германски светители, Грузиски светители, Египетски светители, Карпато-руски светители, Келтски светители, Македонски светители, Маченици, Пустински отци, Романски светители, Руски светители, Свети Отци, Свети апостоли, Сириски светители, Скандинавски светители, Српски светители, Француски светители
Црковна историја и Места
Временска линија на црковната историја, Вселенски собори, Ереси, Јудаизам, Јурисдикции, Канонско право, Манастири, Светилишта, Текстови, Храмови
Црковна уметност
Архитектура, Иконопис, Литографија, Мозаик, Музика, Одежди, Резба, Филигран, Фрескопис, Химнографија
Луѓе
Епископи, Еретици, Клир, Мисионери, Монаси и Монахињи, Современи автори, Цареви и императори, Царици и императорки
Друго
Библиографија, Врски, Донации, Етика, Наука, Милостиња, Организација, OrthodoxWiki, Речник, Помош, Тематски статии, Уредување на страница, Цитати, Црковен живот, Шаблони
Уредувачи и корисници

Нови корисници: Регистрирајте се · Најавете се · Заштита на личните податоци · Што е Православната енциклопедија?

Помошни страници: Помош · Трпеза · Портал · Содржина · Анкета · Корисници

Пребарајте: Сите страници · Категории · Икони · Вести · Соопштенија

Уредете: Водич за корисници · Креирање на нови статии · Упатство за уредување на статии · Неутралност при уредување · Често Поставувани Прашања


+ Слава My на Бога за сѐ +