Правoславие

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Оваа статија се занимава со православието (со мало п) како општ термин за означување на правилно верско убедување или пракса.
За повеќе информации за Православната Црква, погледнете ја статијата Вовед во Православие
.

Православие, како термин доаѓа од старословенскиот збор православьнь, кој се формирал во 14 век, како превод на грчкиот збор ορθόδοξος, кој значи: оној кој правилно мисли, верува - правоверен, од грчки όρθός - прав, исправен, и δόξα - мислење, мисла. Во грчкиот јазик изведен е и глаголот όρθοδοξέω - да мислиш исправно, да имаш здраво мислење. Оттука е изведена и придавката ορθόδοξος, од која е изведен обликот Ορθοδοξία (ортодоксија) - правилна вера, или исправно мислење за верата. Со терминот православие се означува правилно теолошко или доктринско религиозно верување, определено од некое набљудувачко тело.

Историски пресек

Рана Црква

Вселенски собори

Покрстување на Словените

Расколот од 1054 година

Обиди за унија

Турско ропство

Комунизам

Современо православие

Основни обележја

Православието начелно одбива да биде сметано за една од христијанските конфесии и деноминации, или своето учење да го поистовети со некаков конфесионален текст. Напротив, православните христијаните сметаат дека православието е самата вистина на Господ Исус Христос изразена преку соборноста, односно преку искуството на Црквата која пак, е вистинска заедница во Светиот Дух. Православието примарно се заснова на богопочитувањето на Бог Троица, а потоа на почитувањето на Богородица и Светите Отци. Според православието, Богородица е „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“. Светите Отци во православието се сметаат за сомолитвеници и помошници во човечкото општење со Бога; иконите претставуваат место на благодатно присуство и прозорци кон Небото.

Православните богослужби (заеднички молитви, совршување на Свети тајни) се разновидни, обемни и сложени.

Православието на моралот не гледа како на посебна филозофска област, туку моралот го изведува од догматиката, со што тој станува практична примена на догмите, односно начин на спасување на човековата душа. Целта на православниот морал е самиот Исус Христос.

Видете исто така