Православна-енциклопедија:Заштита на личните податоци

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Преглед

Доколку само ја читате Православната енциклопедија “OrthodoxWiki”, се зачувуваат само онолку приватни информации, колку што типично се зачувуваат при обично најавување на сервер.

Доколку придонесувате на прокетот “OrthodoxWiki”, вие јавно го објавувате секој збор кој го впипување. Доколку пишувате нешто, имајте на ум дека тоа ќе биде запоменто за секогаш. Тука спаѓаат статиите, корисничките страни и страните за разговор. Неколку ограничени исклучоци се опишани подолу.

Објавување на вики и јавни податоци

Посетувањето на веб страната не го објавува јавно вашиот идентитет (сепак, видете поддоверливо најавување подолу.

Кога правите промена на некоја страна од вики-енциклопедијата, вие „објавувате документ“. Ова е јавен чин, и вие сте јавно идентификуван со таа промена како автор.

Идентификација на авторот

При објавување на страна на OrthodoxWiki, мора да бидете најавени.

Доколку сте најавени, ќе бидете идентификувани преку вашето корисничко име. Ова, од своја страна, може да биде вашето реално име доколку така изберете, или пак може да биде псевдоним или било кое друго корисничко име избрано при создавањето на сметката.

Кога сте најавени, вашата IP (ај-пи) адреса нема да биде достапна за јавноста, но ќе биде зачувана на вики серверите за релативно кратко време. Оттука, адресата ќе биде достапна и на администраторот/администраторите и може да биде објавена под посебни околности (видете подолку кои се тие околности).

Cookies или куки

Вики ќе постави привремено куки на сесијата (PHPSESSID) секој пат кога ќе пристапите на страницата: вие можете да го одбиете ова куки, но тогаш нема да може да се логирате. При типична конфигурација, ова куки ќе биде избришано секој пат кога ќе го исклучите прелистувачот.

Повеќе куки може да бидат поставени кога ќе се најавите, за да се избегне впишувањето на вашето име (и, опционално – лозинката) при вашата следна посета. Ова би траело до 30 дена. Може да ги исчистите овие куки по употребата секој пат кога корисите јавен сметач (на пример, во интернет кафе) и не сакате да го покажете вашето корисничко име на другите корисници на сметачот (доколку е така, исчистете го и кешот на прелистувачот).

Лозинки

Взаемното делување на заедницата на Православната енциклоедпија OrthodoxWiki на многу начини зависи од честа и почитувањето кое континуирано се гради. Корисничките лозинки се единствената гаранција на интегритетот на историјата на промени кои ги прави еден соработник. Сите соработници се охрабруваат да изберат силни лозинки и никогаш да не ги споделат со никого.

Доверливо најавување

При секоја посета на веб страници, се испраќаат информации до веб серверот. Повеќето веб сервери рутински ги одржуваат податоците за пристап заедно со дел на информации, кои се користат за да се открие кои страници се посебно популарни, кои други страници се поврзани со нив, каква е распределбата на прелистувачите и др. Намерата на OrthodoxWiki не е чување на податоците со цел надгледување на уредно регистрираните/најавуваните корисници.

Ове податоци ги користиме за да се направи статистичка страница; тука се прикажува мал дел од податоците кои најчесто се истиснуваат со нови на околу две недели.

Еве пример за тоа како изгледа еден ваков податок за пристап:

64.164.82.142 - - [21/Oct/2003:02:03:19 +0000]
"GET /wiki/draft_privacy_policy HTTP/1.1" 200 18084
"http://orthodoxwiki.org/Main_Page"
"Mozilla/5.0 (Macintosh; U; PPC Mac OS X; en-us) AppleWebKit/85.7 (KHTML, like Gecko) Safari/85.5"

Овие податоци може да бидат разгледувани од страна на развивачите во насока на решавање на техничките проблеми, пронаоѓање на веб-пајаците, или многу ретко – за да ги поврзат корисничките имиња и мрежните адреси на промените при истражување на можните злоупотреби на викито.

Исто така, податоците се користат за објавување на статистиките околу веб страниците. Ова вклучува и информација за тоа како корисницте го наоѓаат нивниот пат кон Православната енциклопедија, како и информација за клучните зборови кои биле искористени, а кои ги довеле сурферите на OrthodoxWiki. Ниту една од овие информации не содржи лични идентификациски информации. Исто така, IP адресите на посетителите не ги објавуваме јавно.

Политика на објавување на податоците произлезени од најавувањето

Политиката на Православната енциклопедија е таква, што гарантира дека податоците добиени со најавувањето на серверот, а кои можат да послужат за лична идентификација нема да бидат објавени од администраторите кои имаат пристап до нив, освен во следните случаи:

  1. Како одговор на важечки судски налог или било кој друг облик на задолжително барање преку законски притисок.
  2. Со дозвола на погодениот корисник.
  3. Кога информацијата се однесува на прегледи на страницата создадени од веб пајак или бот и нејзиното ширење е неопходно за прикажување или решавање на техничките проблеми.
  4. Кога корисникот извршил вандализација на статиите или трајно се однесувал на неодговорен и непристоен начин, податоците може да се објават со цел да биде потпомогнато лоцирањето на IP блокови, или формулација на поплаката кон соодвениот ISP.
  5. Кога е неопходно да се заштитат правата, сопственоста и сигурноста на администраторите на OrthodoxWiki, нејзините корисници или публиката.

Делење информации со трета страна

Освен доколку не е поинаку нагласено, секој текст додаден на проектите на OrthodoxWiki е достапен за преупотреба под условите на двојната GFDL/CC лиценца.

Сигурност на информациите

Администрацијата на OrthodoxWiki не гарантира дека не постои никаков неавторизиран пристап кон информациите кои вие ги овозможувате.

E-пошта, мејлинг листи и IRC

E-пошта и мејлинг листи

Може да ја поднесете вашата електронска адреса при регистрирањето и во вашиот профил, воопшто. Ова им овозможува на другите најавени корисници да ви испрата е-пошта преку викито (освен доколку го оневозможите тоа). Вашата адреса нема да им биде прикажана на нив, освен доколку вие не им одговорите или доколку ненадејно се исфрли. Електронската адреса може да се користи на повеќе начини, за комуникација на повисок степен. Ние може да ја користиме за испраќање на специјални известувања произлезени директно од OrthodoxWiki. Доколку ова се случи, овие известувања ќе бидат многу ретки.

Доколку од друга страна, не пријавите електронска адреса, тогаш нема да можете да ја ресетирате вашата лозинка во случај да ја изгубите. Како и да е, може да контактирате некој од администраторите / развивачите за да внесете електронска адреса и на тој начин да ја ресетирате лозинката.

Исто така, може да ја отстраните електронската адреса од вашиот профил за да спречите да биде употребена на било кој начин.

Информаци, вклучително и електронски адреси, испратени до сисопите (sysop) и администраторите на OrthodoxWiki може да бидат интерно споделени. Со испраќањето на пошта на сисопот, вашата адреса може да стане јавна во таа група. Тимот на сисопи може ќе треба да го разгледа вашето писмо со цел најдобро да го анализира вашиот проблем.

IRC

OrthodoxWiki IRC каналотl на OrthodoxWiki не е официјален дел на OrthodoxWiki. Со земањето учество на IRC каналот, вашата IP адреса ќе биде прикажана на другите учествувачи. Различни канали имаат различни политики на справување со приватноста. Ние не можеме и не ја прифаќаме одговорноста за било која информација споделена преку IRC каналот.

Кориснички податоци

Податоците за корисниците / соработниците, како на пример времето кога направиле промени на некои статии или пак бројот на самите промени кои ги направиле се јавно достапни преку листите „user contributins” или пак, собрани форми испечатени од страна на други корисници.

Кориснички сметки

Штом еднаш ќе се создадат, корисничките сметки (акаунти) не можат да бидат отстранети. Од друга страна, администраторите имаат дозвола да го сменат вашето корисничко име, доколку ги контактирате. Сепак, не постои гаранција од Фондацијата OrthodoxWiki во нејзината полиса за Заштита на личните податоци дека на барање, сечие име ќе биде сменето.

Право на исчезнување

Доколку при создавање на корисничката сметка сте го користеле вашето вистинско име, или пак долгогодишен прекар/ник/псевдоним преку кој може да бидете препознаени, се’ што ќе напишете на OrthodoxWiki може да биде поврзано со вас. Сепак, постојат неколку начини за да се ослабе оваа врска. Тие се:

  1. Барање за промена на име
  2. Промена на референците од поранешното корисничко име кон сменетото корисничко име (ова можете да го направите сами).
  3. Бришење на вашата корисничка и разговорна страница (контактирајте го сисопот)
  4. Промена на корисничката страница со куза белешка дека не сакате луѓето да ви се обраќаат со вистинското име.

Вредно за напоменување е дека овие мерки овозможуваат само определена доза на практична непознатост, но во никој случај не можат да издржат траен напад од професионален истражувач. OrthodoxWiki нема контрола врз сублиценците, или пак врз услужителите за архивирање како Internet Archive или Google.

Бришење на содржина

Отстранувањето на текст од страниците на OrthodoxWiki не нужно подразбира и негово бришење. Кај обичните статии, секој може да има увид во претходните верзии. Доколку статијата е „избришана“, било кој сисоп/администратор, што значи дека скоро секој поединец за кој се верува дека нема да ја злоупотреби дозволата за бришење, може да има увид на содржината која е избришана. Единствено администраторот може трајно да избрише било каква информација од статиите на Православната енциклопедија, и не постои гаранција дека ова ќе се стори, освен како одговор на правна акција.

Бришење на лични информации

Проектите на OrthodoxWiki ќе ги избришат информациите за сораборниците (најчесто на корисничката и разговорна страница) по нивно барање во случај информациите да не бидат потребни поради административни причини (општо, ова е ограничено на справување со злоупотреба на содржина/теми и слично). Личните информации поврзани со припишување заслуги за определена статија не се вклучени во ова.

Личните информации најчесто вклучуваат, но не се ограничени на, име и презиме, адреса, телефонски број, детали од месенџер контакти, фотографии, изглед, вкус, избор, политички погледи и слични детали за определена единка.

Видете исто така