Православна-енциклопедија:За Православна-енциклопедија

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добредојдовте! Мило ни е што сте на страниците на првата Православна енциклопедија на македонски јазик, OrthodoxWiki. Проектот за Православната енциклопедија OrthodoxWiki започна во ноември 2004 година на англиски јазик, и до сега има неколку локализации, и тоа на: арапски, бугарски, грчки, француски, италијански, португалски, романски, руски, српски, тагалошки и шпански јазик.

Македонската локализација на Православната Енциклопедија започна во јули ’2007 година.


Што е OrthodoxWiki?

  • OrthodoxWiki е Вики.
  • OrthodoxWiki е заедница. Личните страни и мислења се добредојдени сè додека се правилно обележани и се наоѓаат на правилно место.
  • OrthodoxWiki е место каде Православните Христијани можат да го делат своето знаење и своите преспективи.
  • OrthodoxWiki е меѓународна.
  • OrthodoxWiki е сеправославна.
  • OrthodoxWiki е енциклопедија која се стреми да создаде статии кои можат да бидат користени слободно (со наведување на извор), посебно за православно образование.
  • OrthodoxWiki има најразлична публика; претставува извор за неправославниот и православниот клир и верници.
  • OrthodoxWiki е форум за дискусија со посебно внимание врз развојот на документација која би помогнала да се разјаснат / правилно изразат, артикулираат некои основни работи од црковниот живот.
  • OrthodoxWiki има специфични предубедувања.

Иако OrthodoxWiki содржи голем број на надворешни врски (врски кон надворешни страни), има за цел да биде нешто повеќе од уреден директориум. Енциклопедиските статии се сметаат за доста важен дел на оваа заедница. Основниот аспект на сето ова би било зајакнување на "градинатa на знаењето" на самото Православие.

Предноста на OrthodoxWiki се согледува во начинот на кој потешките и конфликтни теми се разработуваат, изразени преку описни „за“ и „против“ формати, заокружени со општ преглед на различни мислители и нивните сфаќања и поимања. Цврст и описен преглед на некои од овие контроверзи не постои на некои јазици. Во случај на недоразбирање, OrthodoxWiki ги охрабрува своите соработници да се насочат кон конструктивен разговор на критичните аспекти и теми кои тежнеат, и всушност успеваат да ги поделат Православните Христијани.

Што не е OrthodoxWiki

  • Не е црковно тело.
  • Не е официјален гласник на Православието; со други зборови, OrthodoxWiki се гледа себеси како корисник на слободата на печатот загарантирана од државата каде што е лоциран серверот.
  • Не е замена за вашиот свештеник или епископ.
  • Не е совршена; работата на OrthodoxWiki сè уште е во тек. Работата на OrthodoxWiki е заеднички труд, што значи дека не секој член на заедницата нужно се согласува со секој став искажан во секоја статија. Истовремено, работиме напорно за да овозможиме дека на оваа енциклопедија не се наоѓа никаков еретички материјал. Ги охрабруваме соработниците да овозможат листа на извори и документи поврзани со статијата која ја уредуваат. Во секој случај, не сме во можност да ја увидиме секоја грешка, без разлика дали е намерна или ненамерна. Доколку увидите такво нешто, слободно пристапете и поправете го. Уште повеќе, може да ја искористите страната за дискусија и да ги наведете причините поради кои не се согласувате со определениот став.
  • Не е бојно поле; слободни сте да го искажете вашето мислење, но не и да се заканувате, или да ги вознемирувате и прогонувате соработниците со чиешто мислење не се согласувате. Напротив, ние го поддржуваме интелигентниот пристап и дискусијата водена на културен начин.
  • Не е Википедија. Иако во голема мера се заснова на структурата на Википедија, го користи истиот софтвер и има доста врски кон неа, OrthodoxWiki на ниту еден поинаков начин не е поврзана со Википедија или Фондацијата „Википедија“.

Предубедувања на OrthodoxWiki

Видете тука: Православна-енциклопедија:Упатство за уредување (неутрална гледна точка).

Важни страни

Логото на OrthodoxWiki беше дизајнирано и донирано од Zander. Сите права се задржани и им припаѓаат на OrthodoxWiki и нејзиниот администратор.