Православна-енциклопедија:Упатство за уредување (неутрална гледна точка)

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Клучен концепт во функционирањето на Праволсавната енциклопедија е на што ние го нарекуваме „неутрална гледна точка“ или НГТ. Овој концепт е позајмен од Википедија, а е адаптиран за да се вклопи во нашата заедница и исповедувањето на верата.

OrthodoxWiki има за цел да го прикаже Православното гледиште на работите кои се презентирани на нашите страници. Од таа причина, статиите на оваа енциклопедија ќе бидат, колку што е тоа можно, презентирани од неутрална гледна точка. Тоа значи дека несогласувањата помеѓу различните Христијански групи и групации ќе бидат окарактеризирани како такви и опишани, и притоа нема да се завземе став.

ХД Влијание и неговото значење

Чекор понапред во политиката на неутралност е тоа што OrthodoxWiki се раководи од принципот Халкидонскo Доминантно Влијание (ХДВ). Ова влијание се употребува при именувањето на нештата, тема која секој кој е и малку запознаен со Црковната историја, е потенцијално конфликтна. При именувањето на статиите, предност ќе има именувањето раководено под ХДВ принципот.

Во таа линија, ХДВ ќе биде употребено и при креирањето на содржината на статиите, на начин што во статиите со халкидонска доминација не смее да бидат вклучени термини кои би го посочувале телото за кое се пишува како еретичко, шизматичко и слично.

Исто така, статиите на Христијанските неправославни религиозни групи, покрај општиот опис, треба да го содржат, како примарна содржина, односот и историската позадина на таа група со Црквата. Во оваа група не спаѓаат Православните Цркви кои себе се сметаат за Православни, а не подлегаат ХД принципот. Содржината на статиите наменети на нив исто така не подлега на правилото за посочување на односот со ХДВ.

ХДВ е само протокол што го користиме, но во никој случај не треба да биде сфатен како суд.

Што ХДВ не значи

Принципот на Халкидонскo Доминантно Влијание не значи дека недоминантните или нехалкидонските верници или религиски групи не се добредојдени да пишуваат и уредуваат статии на Православната енциклопедија. Исто така, ХДВ не значи дека статиите на тие луѓе/групи ќе бидат полемизирани или пак, дека нивниот авторитет ќе биде доведен во прашање. Напротив, неутралноста е клучна при уредувањето на статиите и единствено од тој принцип ќе бидат разгледувани сите статии подеднакво.

Начинот на кој нештата се пишуваат е уште еден значаен момент. Така на пример, наместо да се напише дека „Грчката Православна Црква падна во ерес и шизма, и е целосно неканонска“, енциклопедискиот тон би требало да гласи „Грчката Православна Црква е карактеризирана од некои како еретичка, шизматична и некаконска“.

Уште еднаш, би ви препорачале да прочитате Што е, а што не е OrthodoxWiki, особено во контекст на меѓусебните конфликти и водење на борби и војни.

Кориснички страници и страници на заедницата

Личните мислења може да бидат изразени на личните страници (кориснички страници) и страниците за разговор. Овие страници не подлегаат под политиката на неутрална гледна точка (НГТ) и се подразбира дека на нив може да биде прикажан личниот став на нивните автори. Сепак, сите разговори треба да бидат водени на определено ниво на пристојност. И не се’ е дозволено да биде ставено како содржина на личните страници. Она што е неправославно и противправославно ќе биде отстрането од страна на администраторите. Конечниот збор при ваквите одлуки ги имаат администраторите.

Администраторите може да ја менуваат содржината на личните страни, но не со цел да ги изменат зборовите на корисниците или пак, да ги испревртат. Може да цензурираат, но не и да изменуваат.

Страниците на заедниците треба да ја прикажат „Гледната точка на заедницата“ (ГТЗ), или менталитетот кој преовладува кај определена Православна група.

Оттука, Православната енциклопедија OrthodoxWiki може да се претстави како збир на различни простори: личен простор, простор насочен кон заедницата и документарен простор, или простер од јавен карактер.

Видете исто така