Православна-енциклопедија:Упатство за уредување

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа страница претставува официјално начело на Православната енциклопедија. Начелото е широко прифатено меѓу соработниците и се смета за стандард кој сите корисници треба да го почитуваат и следат. Чувствувајте се слободни да ја промените и/или дополните оваа страница по потреба, но пред тоа осигурајте се дека промените кои ги правите на ова начело ги рефлектираат погледите на OrthodoxWiki on OrthodoxWiki.


Ова е официјалното упатство за уредување на вики статии на Православната енциклопедија OrthodoxWiki. Се однесува на креирање на нови, како и промена и работа на веќе постоечки статии. Упатството е „стапено во сила“ денот на неговото издавање, но сеуште е во изработка. Сите статии и врски треба да ги задоволат долунаведените стандарди и препораки. Целта на ова упатство е одржување на конзистентноста низ сите статии на OrthodoxWiki.

Нека не ве заплашуваат овие упатства. Вашите придонеси се добредојдени иако не се во согласност со тоа што е напишано подолу. Овие преопраки се напишани за да ги насочат, а не да ги попречат вашите напори! Доколку вашите придонеси не се во целосна согласност со овие препораки, бидете без сомнеж дека ќе бидат обработени од другите соработници. На крајот на краиштата, OrthodoxWiki секогаш е во изработка.

Вовед

Ова „Упатство за уредување“ се состои од официјалните стилови протоколи за OrthodoxWiki. При креирање на нови статии или изменување на старите, овој документ треба да се земе како појдовна точка и препорака за целата содржина. Исто така, се препорачува да го додадете во вашата листа на следење за да ги воочите новите препораки и благовремено да ги примените во вашата работа, со што би се зачувала конзистентноста во стилот.

Ова упатство се наметнува првично и пред се’ од самите соработници и корисници, но исто така и од администраторите. Наметнувањето се гледа во самото креирање на статии во согласност со упатството за уредување, како и нивното менување. Тоа значи дека ние се потпираме на вашата помош при одржувањето на редот, преку следењето на самите упатства.

Забелешка: Сите правила околу статиите и нивните имиња важат и за внатрешните врски, затоа што кликнувањето на сеуште-незапочната-статија го дава името на таа статија. Оттука, при креирањето на статии, врските мора да се во согласност со овдешните правила на именување.

Тон

Иако постојат исклучоци, целосната атмосфера која треба да се развива за поголемиот број на статии на OrthodoxWiki е енциклопедиска, т.е. онаква каква што се очекува од една енциклопедија. Тоа не значи дека статиите мора да се пипуваат со академски и секуларен тон, но подразбира определена посакувана доза на професионализам и трајност.

Истовремено, нашиот пристап е хагиографски, што значи дека се обидуваме да пишуваме со длабока почит и понизност во однос на страотните теми кои ги разгледуваме. Во таа линија, пробајте да го развиете вашиот стил во таа насока. Ние се обидуваме точно и скромно да ја соопштиме вистината за Православната вера на начин кој би овозможил статиите да бидат гледани како лесно читлив извор за секојдневниот живот и духовна борба. Секогаш треба да го имтеш на ум тоа начело.

Внесување на статии од Википедија

Заштитен материјал

Заштитениот материјал може да биде внесен во OrthodoxWiki ако и само ако ја имате дозволата на имателот на авторските права. Запомнете дека, само поради тоа што си нашол/а нешто на веб, тоа не значи дека не е заштитено. Впрочем, најголемиот број работи стандардно се заштитени.

Доколку имателот на авторските права е волен да го издаде својот материјал под некоја од лиценците сродни на Вики (како GFDL или пак Криејтив Комонс), тогаш внесувањето на правилна, отворена-за-промена статија не претставува никаков проблем. Доколку пак, авторот не сака неговото дело да биде безмилосно изменувано, што всушност е и стандард на OrthodoxWiki, тогаш белешка за авторските права треба да биде вклучена на дното на статијата, која би изгледала вака:

Copyright © 2005 од Јован Јовановски. Сите права задржани.

Откако сте го направиле тоа, побарајте од некој од администраторите да го заштити материјалот кој не треба да биде менуван.

Прифатен стандард е новите содржини поднесени на OrthodoxWiki да се издаваат преку двојни GNU-FDL и CC by-sa 2.5 лиценци. Повеќе за авторските права, видете на страницата за авторски права.

Дозволи за слики

Користете го соодветниот шаблон. при информирање околу авторските права и лиценците под кои се лиценцирани сликите од другите веб-страни. Видете. Посебни забелешки постојат за следните страни:

Типови на статии

По кој тип на статии трага OrthodoxWiki? Општо гледано, се’ што е директно поврзано со Православната Христијанска вера и живот може да биде поставено како материјал на Православната енциклопедија. Понатаму, статиите поврзани со историските настани и личности поврзани со животот на Црквата се исто така потребни. Значи, иако постојат статии за светци и епископи, постојат и треба да постојат статии за императори и еретици. Затоа, при креирање на статиите и создавањето врски во нив, имајте на ум што е прифатливо за OrthodoxWiki.

Така на пример, прелистајте ги постоечките статии, кликете на врските кои постојат во нив, и доколку имате информација на предметот кој се разгледува, чувствувајте се слободни да придонесете за постоечката или новосоздадената статија. Секако, не треба премногу да се грижите околу прекршувањето на некои од правилата на OrthodoxWiki или создавање на било каков хаос, затоа што вашата работа ќе биде вклучена во заедничкиот труд и оттука ќе биде доследно разгледана и подобрена (доколку има потреба од тоа). На тој начин сите ние се приближуваме кон остварувањето на нашата цел, а тоа е да бидеме речиси безграничен компендиум (колекција) на пристапни информации кои лесно можат да се споделат, а се однесуваат на Православието.

Статии кои не се соодветни за OrthodoxWiki

Очигледно, секое нешто кое не е директно поврзано со Православната вера не е соодветно да се најде како посебна статија на Православната енциклопедија. Уште повеќе, статиите кои се карактеристични за Википедија може да немаат смисол и не треба да се најдат на OrthodoxWiki, како на пример: статиите-години (на пример 1054), местата чиешто значење е над ексклузивно религиозното значење (на пример, Константинопол), или пак поголеми историски фигури кои не се директно поврзани со Православието, како на пример Киро Глигоров. Секако, постои можност секој од овие поими да е поврзан (помалку или повеќе) со Православието во определен контекст, но таа поврзаност може да биде споментат во статиите околу настаните преку кои истата е остварена.

Неутралноста и Пристрастноста на OrthodoxWiki

Видете: Православна-енциклопедија:Упатство за уредување (неутрална гледна точка)

Техничка Терминологија Technical Terminology

Постои голем број на технички и теолошки изрази кои се разликуваат во различните Православни култури. Затоа, Православната енциклопедија преферира да се користат грчките термини на местата каде што тие преовладуваат, или не постои соодветен локален превод.

Манастири, Епархии и Богословски училишка

Поради тоа што постојат повеќе заедници кои ги делат истите имиња, статиите за манастирите, епархиите и богословските училишта треба да бидат именувани на следниот начин: Име на заедницата (Место). На пример, правилно е именувањето Аја Софија (Константинопол).

Библиски книги

Статиите и врските кон книгите во Библијата треба да се совпаѓаат со врските на канонските листи кои може да се видат во Светото Писмо. Треба да се обрне внимание на фактот дека името на врската не секогаш се совпаѓа со врската кон која води. На пример, врската Неемија води кон Книгата Неемија, а не кон Неемија (која всушност е статија за старозаветниот пророк Неемоја).

Статиите околу библиските книги треба да бидат вклучени во категориите Категорија:Библија и Категорија:Текстови.

Листа

Со исклучок на статиите за врски, статиите кои содржат набројување, односно листа на нешто (како на пример Листа на патријаршии или Листа на афтокефални и автономни Цркви треба да се именуваат Листа на [предмет].

Јазични препораки

Следното се однесува на различните јазични препораки кои се однесуваат на пишувањето на статиите на OrthodoxWiki:

Голема буква

Голема буква треба да се користи при пишување на следните зборови:

  • Бог и Светa Троица
  • Црква при обрнување кон соборната Црква; но не кога се користи како генеричко обрнување кон помесна црква.
  • Предание при обрнување кон група на заеднички верувања и обичаи кои се обврзувачки за Православните Христијани; но не и кога се однесува на помесна традиција која нема обврзувачки карактер
  • Писмо при обрнување на Библијата или Светото Писмо; но не при обрнување кон писмата и религиозните книги на другите религии.
  • Православие, Православен/а/о
  • Христијанство, Христијани
  • Исток, Источен и Запад, Западен при обрнување на гео-културни поделби (како на пример „Црквата на Истокот“ или „Западно боголсовие“, но не и за географските поими (на пример, западни провинции)
  • Титули, називи и термини поврзани со Господ Исус Христос и Пресвета Богородица: Господ, Невеста, Богородица, Христос.
  • Титули со имиња: Свети Јован, Апостол Андреј, Епископ Василиј итн., но не и свети, апостол, епископ итн како именки.
  • Точните имиња: Отец, Син, Свет Дух, Исус Христос, Јован, Македонска православна црква итн.
  • Празници: Пасха, Преображение, Слегување на Светиот Дух итн. (Забелешка: Во некои текстови за посебни празници, при обрнувањето на самиот настан се користи мала буква, додека при обрнувањето на празникот се користи голема.)
  • O (како во O, Господи, или O, Пресвета Дево), т.е. извиците.

При користење на други термини (како и заменките со кои се обрнува кон Бога), Православната енциклопедија препорачува користење на мала буква (на пример, тој, наместо Тој). Сепак, доколку некој соработник чувствува потреба да користи голема буква, администраторите на Православната енциклопедија нема да се мешаат во таквата употреба.

Курзивни (накривени) букви

Користете го знакот'' (italic). На пример:

''Ова е пример за курзивни букви.''

што изгледа вака:

Ова е пример за курзивни букви.

Наслови

Курзивните букви треба да се користат за наслови на:

  • книги
  • филмови
  • долги поеми
  • музички албуми
  • весници
  • преиодични списанија (магазини и сл.)
  • драми
  • ТВ серии
  • визулени уметнички дела

За насловите на покуси дела, како овие кои следат, се користат обични наводници („ “):

  • статии, есеи или други хартии
  • поглавја на подолги дела
  • епизоди на телевизиски серии
  • куси поеми
  • куси приказни
  • песни

Постојат повеќе случаи во кои насловот не треба да е ниту во наводници, ниту курзиран:

  • Библија
  • Правни документи (како на пример, Устав и сл.)

Датуми

Врските до датумите во статиите треба да го вклучат целото име на месецот напишано со мала буква, следено со арапскиот број кој го означува денот. Користете 1 јануари а не 1 Јануари или Јан. 1. Оваа стандардизација ќе обезбеди Црковниот календар да работи точно. Годините не треба да содржат врски, затоа што како што погоре споменавме, тоа не спаѓа во нашата мисија.

Вики јазик

Категории

Поголем број статии може да припаѓа на повеќе различни категории. Оттука, при вметнувањето на категориите на дното на статијата, набројте ја секоја категорија во посебен ред. На пример, за статијата за св. Рафаел Бруклински, категориите би изгледале вака:

[[Категорија:Американски светци]]
[[Категорија:Епископи]]
[[Категорија:Мисионери]]
[[Категорија:Светци]]

Никулци

Никулец е посебен вид на статија или дел од статија на кој му се потребни дополнителни материјали за да биде целосен. Доколку креирате или пак наидете на статија која има потреба од дополнителни материјали, ве молиме, вклучете го тагот {{никулец}} во соодветниот дел (најдобро – на почетокот) на статијата. Исто така, избегнувајте создавање на празни статии, или статии кои се состојат само од тагот за никулец, освен доколку не планирате набрзо да ги проширите.

При вклучувањето на тагот When {{никулец}} во пораката, следната порака ќе биде видлива:

Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Разно

Општо земено, најдобар начин за да се учи за уредувањето на статии на Православната енциклопедија е да се разгледаат и анализираат веќе постоечки, и добро развиени статии. Следи листа на различни правила за кои постои согласност дека треба да се почитуваат:

  • Секогаш започнувајте ги статиите со здебелен предмет како дел на воведниот параграф, која пак треба накратко да ја појасни содржината на статијата.
  • При создавање на вики-врски во статии, доволно е само еднаш да се вметне врската во воведниот дел, или при првото спомнување на предметот на статијата. Кај подолгите статии, нема потреба од повторување на истата интер-вики врска.
  • Кога користите титула на личност за прв пат во статијата, напишете ја целосно (пр. Господин Господин Стефан), но при секое понатамошно споменување, користете ги правилните кратенки (пр. Г.Г. Стефан).
  • Обидете се да го менувате начинот на кој се обраќате на една личност во една иста статија; не е неопходно постојано да се користи „св.“ пред името на светец во секое негово спомнување.
  • Користете ја Видете исто така секцијата за внатрешни врски кон сродни статии, и Надворешни врски секцијата како последен дел на една статија.

Видете исто така

Надворешни врски

  • [[1]] Упатството за уредување на македонската Википедија