Православна-енциклопедија:ЧПП

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Подолу се некои често поставувани прашања (ЧПП) (заедно со нивните одговори) кои се однесуваат на православната енциклопедија.

Дали е ова Википедија?

Не. Православната енциклопедија не е на никаков начин поврзана со Википедија, освен што го користи истиот софтвер, ја моделира својата структура по урнекот на Википедија и позајмува некои од нејзините статии според условите на ГНУ лиценцата за слободна документација. Исто така види: Разлики со Википедија.

Кој управува со ова?

Главен основач и администратор е отец Јован, свештеник на Американската Православна Црква. Тој и другите администратори ја управуваат православната енциклопедија.

Кој е вашиот епископ?

Православната енциклопедија не е директно под управување на ниту еден епископ. Таа е приватен колаборативен проект на поголем број уредници, од кои повеќето се православни христијани со различни епископи.

Дали може секој да ја уредува православната енциклопедија?

Доколку се регистрирате (добиете свое корисничко име) и се логирате со автентицирана e mail адреса ќе можете да учествувате во уредувањето. Тоа не значи дека вашите ажурирања нема да бидат променети или отстранети.

Дали е во ред да се имаат повеќе сметки (акаунти)?

Па не е баш препорачливо. Алтернативни сметки се понекогаш дозволени за оние кои сакаат да пуштаат ботови (специјални програми кои извршуваат општо уредување на минорни елементи). aaaaaa

Оваа статија е погрешна! Среди ја!

Доколку наидеш на материјал кој е погрешен или пристрасен, те охрабруваме да помогнеш и го поправиш сам/а, работејќи со другите уредници во развивањето на колаборативен продукт, кој претставува урамнотежена презентација според МЦБ.

Статијата не е официјално гледиште на [X]!

Како и на секоја енциклопедија, така и на Православната главната намена не и е да ги прикаже само официјалните позиции на одредена група или поединец. Многу повеќе ова е еден вид на новинарство насочено кон она што е од најголема важност.

Но мојот епископ ми кажа да го напишам ова!

Со сета почит кон твојот епископ, тој не ја диктира политиката и содржината на православната енциклопедија. Ти си добредојден да помогнеш да се унапреди Православната енциклопедија и да го презентираш гледиштето на твојот епископ во одредена рамнотежа со другите статии, доколку тој е единствениот извор на информации за одредена тема.

Копирајт

Смеам ли да копирам материјали од православната енциклопедија?

Да, но само под одредени услови. Сепак некои материјали не се дозволени да се копираат од православната википедија. Види: Православна-енциклопедија:Авторски права.

Ја украдовте мојата [фотографија/икона/текст]!

Доколку сметате дека вашиот копирајт е некако загрозен според македонските или интернационалните закони за копирајт, ве молиме да ја контактирате администрацијата и вашето барање ќе биде разгледано. Православната енциклопедија се стреми кон тоа да биде во согласност со релевантните закони за копирајт и се труди да постапува соодветно. Види: Православна-енциклопедија:Авторски права.

Вие го линкавте мојот веб сајт!

Не постои правна регулатива за нереферирање. Доколку линкањето би било злоупотреба на копирајт, тогаш секоја библиотечна каталошка картичка би требало да е забранета. За среќа линкањето без копирање е легално. За повеќе на оваа тема направете пребарување со клучни зборови линкање и копирајт.

Еј ова го имам видено на Википедија!

Материјали од Википедија може да бидат копирани на други сајтови доколку се согласни да ја користат лиценцата која ја користи и православната енциклопедија.

Исто така е можно тоа што сте го прочитале на Википедија прво да било развиено на православната енциклопедија а потоа пренесено таму, што исто така е легално според условите на лиценцата која ја носи православната анциклопедија. Види: Православна-енциклопедија:Авторски права.