Ерес
Ерес (грч. αἵρεσις, лат. hearesis - издвоена идеја, мислење) е отстапување или промена на верувањето и учењето, во целост или делови, на Единствената Света Соборна и Апостолска Црква во однос на Пресвета Троица, Господ Исус Христос, Богородица итн. Ересите може грубо да се групираат во христолошки (оние кои го искривуваат учењето за Христос) и пневматолошки (кои не ја признаваат едносуштноста на Светиот Дух до другите два ипостаси на Света Троица). И во современите ереси може да се идентификуваат ересите со кои се соочила раната Црква.
Јован Маендорф тврди дека, според оценките на првите Вселенски собори, „класичните философи биле ересијарси“, односно дека главните христијански ереси се резултат на нивните влијанија („Византиско богословие, 77).
Оној кој се приклонува кон ереста се нарекува еретик.
Ранохристијански ереси
- Адопционизам
- Аудијанизам
- Аполинаризам
- Аријанизам
- Афтародокетизам
- Богомилство
- Цезаропапизам
- Докетизам
- Донатизам
- Гностицизам
- Иконоборство
- Луциферизам
- Маркионство
- Месалијани
- Монархијанство
- Моноенергизам
- Монотелитизам
- Монофизитство
- Монтанизам
- Несторијанство
- Пелагијанство
- Савелијанство
- Теопасхизам
Современа употреба
Иако терминот се користи за да се окарактеризира некое неправославно верување како паганизамот, ереста може да се припише само од личност која се смета за Христијанин, но ги одбива учењата на Црквата. Личноста која целосно се откажува од христијанството не се смета за еретик, туку за отпадник (апостат); личноста која се откажува од авторитетот на Црквата може да се нарече хетеродокс (инославен).
Еретиците не ги дефинираат своите учења како еретички. Ереста е изразување на светоглед во веќе воспоставен систем на верување. На пример, православните ги гледаат римо-католиците како отпадници, додека римо-католиците ги гледаат протестантите како еретици.