Јован Маендорф

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Отец Јован Маендорф

Јован Маендорф, (17 февруари 1926 - 22 јули 1992) протопрезвитер, е светски признат професор по патристика и византиска историја, еден од најзначајните богослови на 20 век.

Живот

Ран период

Јован Маендорф е роден во местото Неји на Сена, Франција, на 17 февруари 1926 година како Иван Теофилович барон фон Мејендорф, во семејство на руски благородници и емигранти. Средно и високо образование завршил во Франција. Со богословско знаење се здобил на академијата на св. Сергиј во Париз (дипломирал во 1949 г.). На Сорбона дипломирал во 1948 година, а подоцна се здобил со следните дипломи: а Diplôme d'études supérieures (1949) и a Diplôme de l'école pratique des Hautes Etudes (1954). Со докторски степен се здобил преку одбрана на револуционерната докторска дисертација за учењето на св. Григориј Палама.

Богословски период

Бил асистент на катедрата за црковна историја на институтот „Св. Сергиј“ и соработник во Националниот центар за научни истражувања. После ракополагањето во 1959 година, заедно со семејството емигрирал во САД. На богословската академија „Св. Владимир“ бил примен како професор по црковна историја и патристика. Покрај тоа, предавал Византиско богословие на Харвард, и Историја на Византија на Фордам. Бил и вонреден професор на Универзитетот Колумбија и Богословската семинарија „Јунион“ во Њујорк.

Од март 1984 до јуни 1992 бил декан на академијата „Св. Владимир“.

Маендорф бил еден од предводниците на православната заедница кој работел на обединување на Руската православна црква со Руската задгранична православна црква. Бил клучен човек при воспоставувањето на Православната црква во Америка (англ. OCA) во 1970 година. Постојано инсистирал на важноста на Преданието. Бил активно вклучен во екуменското движење.

Дела