Православна-енциклопедија:Како да почнам нова статија

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Почнување на нова статија може да се изврши на повеќе начини, но овде ќе бидат објаснети најлесните.

За да започнете нова статија можете да се послужите со следната процедура:

Ако статијата што сакате да ја почнете не постои, тогаш можете да ја создадете преку внесување на нејзиното име во лентата за веб адреса на вашиот веб пребарувач во следниов формат: http://mk.orthodoxwiki.org/име_на_статијата

Пример: http://mk.orthodoxwiki.org/Антидор ќе овозможи да се креира статијата со име Антидор.

Притоа треба да се напомене дека статиите кои се создаваат на овој начин се orphan, односно сираци, бидејќи нема линкови кои водат до нив од другите статии. За да достигнете линкови кои водат до нив, пробајте да додадете вакви линкови во други, слични по тематика, статии.

Друг начин да започнете нова статија е да ставите линк на некоја постоечка статија кој води до непостоечката која сакате да ја уредувате. Линкови се оставаат на следниов начин: име_на_статија

Пример: молитва

Ова ќе го означи конкретниот збор како линк до истоимената статија, како што линкот молитва ќе ве однесе до статијата Молитва. Ако линкот води до непостоечка статија, истата ќе ви се даде на изменување од ваша страна.

Друг многу практичен начин за започнување на нова страница е прво да го напишете името на посакуваната страница во полето „пребарај“ и да стиснете на Оди. На овој начин, прво ќе проверите дали таа статија веќе постои, а ако не постои, ќе добиете порака којашто вели дека таква статија не постои, вака:

Нема статија со наслов „НЕКОЈА СТАТИЈА“. Можете да ја креирате оваа статија.

За да ја креирате таа статија, едноставно стиснете на црвениот текст „креирате оваа статија“. Црвен текст значи врска до непостоечка статија. Кога ќе видите ваков текст во некоја статија, тоа значи дека води до статија којашто сѐ уште не постои, а е потребна. Вие можете да ја напишете таа статија со тоа што ќе стиснете на црвениот текст.