Временска линија на црковната историја
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за Господ Исус Христос на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично Свето Предание на Православната Црква.
Содржина
- 1 Новозаветна ера
- 2 Апостолска ера (33-100)
- 3 Предникејска ера (100-325)
- 4 Никејска ера (325-451)
- 5 Византиска ера (451-843)
- 6 Доцна Византиска ера (843-1453)
- 7 Постцарска ера (1453-1821)
- 8 Модерна ера (1821-1917)
- 9 Комунистичка ера (1917-1991)
- 10 Посткомунистичка ера (1991 - денес)
- 11 Забелешки
- 12 Видете исто така
Новозаветна ера
- главна статија: Новозаветна ера
- 6-7 пред Христа Рождество Христово во Витлеем; 14 000 пострадани свети витлеемски младенци
- 26-27 Упокојување на Праведниот Јосиф целомудрен
- 27 Крштение Христово во водите на реката Јордан
- 28 Пресекување на главата на свети Јован Крстител
- 30 Распнување, Воскресение и Вознесение Христово
- 30 Мачеништво на свети првомаченик и архиѓакон Стефан
- 30 Преобратување на свети апостол Павле на патот кон Дамаск
Апостолска ера (33-100)
- главна статија: Апостолска ера
- цца. 30-33 Светиот Дух слегува на денот на Педесетница
- 34 Апостол Петар го засновува Антиохиското Епископско Море
- 35 Името Христијанин е за прв пат употребено во Антиохија
- 37 Јосиф од Ариматеа патува во Британија и стигнува во Гластонбери
- 40 Апостол Варнава е испратен од Ерусалим во Антиохија
- цца. 42 Вознесување на апостол Павле до третото небо (2Кор.12,2-4)
- цца. 46-48 Прво мисионерско патување на апостол Павле со апостол Варнава
- 49 Апостолскиот Собор во Ерусалим донесува правило незнабожците да не мора да станат Евреи пред да постанат Христијани
- цца. 49-52 Второ мисионерско патување на апостол Павле со апостол Сила
- 50 Апостол Матеј го завршува Евангелието според Матеј на арамејски
- 52 Апостол Тома пристига во Керала, воведување на Христијанството во Индија
- цца. 53-57 Трето мисионерско патување на апостол Павле (Дап 18,23-21,16)
- цца. 59-62 Четврто мисионерско патување на апостол Павле, пристигање во Рим
- 62 Мачеништво на апостол Јаков Праведен; распнување на апостол Андреј во Патра
- 63 Аристовул поставен за прв епископ на Британија
- 64-68 Први десет големи прогонства на раната Црква, под императорот Нерон
- 66 Бегство на Христијанската заедница од Ерусалим во Пела и други места во Декаполис и Антиохија
- 67 Мачеништво на апостол Петар и Павле во Рим; апостол Лин поставен за прв епископ Римски
- 69 Игнатиј Антиохиски поставен за епископ Антиохиски
- 70 Апостол Марко го пишува Евангелието; Храмот во Ерусалим е разурнат од Римјаните; прогон на Христијаните од синагогите
- 71 Апостол Марко го воведува Христијанството во Египет
- 80 Апостол Лука го пишува Евангелието според Лука; Тит го поставува Колосеумот, место на мачеништво на многу рани Христијани
- цца. 80-90 Напишани Дидаскалиите
- 85 Напишани Делата апостолски од апостол Лука
- 90 Соборот во Јамнија го обележува целосно одделување на старозаветната и новозаветната Црква
- 95 Апостол Јован го пишува Откровението
- цца. 90-96 Прогон на Христијаните под императорот Домицијан
- 96 Апостол Јован Богослов го пишува Евангелието според Јована
- цца. 100 Појава на Христијански катакомби
- Чудесно упокојување на апостол Јован Богослов
Предникејска ера (100-325)
- главна статија: Предникејска ера
- 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
- 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
- 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
- 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред императорот Адријан во Атина
- 128 Грчки превод на Стариот Завет на Аквила
- 130 Преобратување на Јустин Философ
- 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
- 135 Почеток на славење на Рождество Христово како празник во Рим
- 136 Разбиена еврејската побуна од страна на императорот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
- 144 Одлачување на Маркион Синопски
- 150 Јустин Философ ја опишува Божествената Литургија
- 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
- 156 Почеток на монтанизмот
- 165 Мачеништво на Јустин Философ
- 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на Пасха во Рим, како додаток на неделната прослава на Воскресението
- цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
- 177-180 Прогон под императорот Марко Аврелиј (161-180)
- 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
- 180-192 Грчки превод на Стариот Завет од Теодотиј
- 193-211 Грчки превод на Стариот Завет од Симах
- 197 Кватродециманска контроверза
- 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
- 202 Императорот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
- 202-210 Прогон под императорот Септимиј Север (193-211)
- 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
- цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
- 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
- 215 Обратување на Тертулијан во Монтаизам
- 225 Упокојување на Тертулијан
- цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
- 227 Ориген го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
- 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
- 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
- цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
- 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
- 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
- 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
- 248 Ориген го пишува „Против Целз“
- 249-251 Прогон под императорот Декиј VII
- 257-260 Прогон под императорот Валеријан VIII
- 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
- 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
- 264 Изопштување на Павле Самосати
- 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за прв пат од модалните монархијанити
- 274-275 Прогонство под императорот Аврелијан IX
- 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
- 284 Диоклецијан станува Римски император, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
- 285 Антониј Велики се повлекува во пустина
- 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
- 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
- 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
- 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на Георгиј Победоносец
- цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
- цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
- 308 Папата Марцелиј I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
- 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
- 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
- 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
- 313 Миланскиот Едит издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
- 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
- 315 Неокесариски Собор
- 318 „За воплотувањето“ на свети Атанасиј Велики е објавено; почеток на Аријанството
- 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
- 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
- 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
- 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на Воскресението
- 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
- 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство
Никејска ера (325-451)
- главна статија: Никејска ера
- 325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
- 326 Откривање на Чесниот Крст од светата царица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
- 328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
- 329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
- 330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римската Империја, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
- 336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
- 337 Упокојување на св. цар Константин.
- 340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
- 341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
- 345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
- 348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
- 350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
- 351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
- 355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
- 356 Упокојување на св. Антониј Велики.
- 357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. Бласфемија од Сирмиум.
- 358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
- 359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
- 360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена цариградската Света Софија.
- 362 Антиохиска схизма (362-414).
- 361-63 Јулијан Апостат станува Римски император; обид да се возобнови паганството.
- 364 Одржан Соборот во Лаодикија.
- 367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за прв пат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
- 373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
- 374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
- 375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
- 376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
- 379 Упокојување на св. Василиј Велики; императорот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
- 380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римската Империја од страна на императорот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
- 381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Милански на Соборот во Аквилеја.
- 382 Папата Сирициј за прв пат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
- 383 Упокојување на св. Фрументиј од Аксум.
- 384 Соборот во Бордо го осудува Прискилијан.
- 385 Упокојување на св. Григориј Нисски.
- 386 Упокојување на св. Кирил Ерусалимски.
- 387 Блажен Августин е покрстен од св. Амвросиј Милански.
- 391 Упокојување на св. Григориј Богослов.
- 391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
- 392 Упокојување на св. Макариј Велики.
- 393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; императорот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
- 394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
- 395 Блажен Августин станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
- 397 Картагинскиот собор го објавува канонот на Светото Писмо; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
- 398 Св. Јован Златоуст е избран за Архиепископ на Цариград.
- 399 Анастасиј Римски и други епископи го осудуваат оригеновото учење.
- 401 Блажен Августин го пишува „Исповеди“; папата Инокентиј I го поддржува св. Јован Златоуст и го осудува пелагијанизмот.
- 402 Порфириј од Газа се здобива со императорски декрет со наредба за затворање на паганските храмови во Газа.
- 403 Пребегнување на св. Патрик во Ирска;
- 404 Мачеништво на Телемахос, што резултира со едикт на императорот Хоросиј кој ги забранува гладијаторските борби.
- 405 Латински превод на Светото Писмо како Вулгата од страна на Софрониј Евсевиј Јероним.
- 407 Упокојување на св. Јован Златоуст во прогонство.
- 410 Падот на Рим под Визиготите.
- 410 Аријанскиот Собор во Селеукија ги прогласува Месопотамските несторијански епископи за независни од православниот епископат.
- 411 Пелагиј е осуден на Картагинскиот собор.
- 412 Св. Кирил го наследува неговиот вујко Теофил како Папа Александриски; Хонориј го осудува Донатизмот.
- 415 Св. Јован Касијан основа манастир во Марсеј.
- 418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од императорот Хонориј.
- 418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
- 426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
- 426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
- 429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на Св. Сисој Велики.
- 430 Петар Ивериски основа манастир во близина на Витлеем.
- 431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанизмот и пелагијанизмот, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
- 435 Упокојување на Свети Јован Касијан и Свети Акакиј Мелитински; Несториј протеран во манастир во Сахара со императорски указ.
- 438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
- 439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
- 444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
- 445 Императорот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
- 447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.
- 450 Основани се првите манастири во Велс.