Предникејска ера

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за Господ Исус Христос на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично Свето Предание на Православната Црква.

Предникејска ера (100-325)

  • 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
  • 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
  • 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
  • 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред императорот Адријан во Атина
  • 128 Грчки превод на Стариот Завет на Аквила
  • 130 Преобратување на Јустин Философ
  • 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
  • 135 Почеток на славење на Рождество Христово како празник во Рим
  • 136 Разбиена еврејската побуна од страна на императорот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
  • 144 Одлачување на Маркион Синопски
  • 150 Јустин Философ ја опишува Божествената Литургија
  • 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
  • 156 Почеток на монтанизмот
  • 165 Мачеништво на Јустин Философ
  • 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на Пасха во Рим, како додаток на неделната прослава на Воскресението
  • цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
  • 177-180 Прогон под императорот Марко Аврелиј (161-180)
  • 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
  • 180-192 Грчки превод на Стариот Завет од Теодотиј
  • 193-211 Грчки превод на Стариот Завет од Симах
  • 197 Кватродециманска контроверза
  • 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
  • 202 Императорот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
  • 202-210 Прогон под императорот Септимиј Север (193-211)
  • 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
  • цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
  • 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
  • 215 Обратување на Тертулијан во Монтаизам
  • 225 Упокојување на Тертулијан
  • цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
  • 227 Ориген го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
  • 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
  • 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
  • цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
  • 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
  • 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
  • 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
  • 248 Ориген го пишува „Против Целз“
  • 249-251 Прогон под императорот Декиј VII
  • 257-260 Прогон под императорот Валеријан VIII
  • 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
  • 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
  • 264 Изопштување на Павле Самосати
  • 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за прв пат од модалните монархијанити
  • 274-275 Прогонство под императорот Аврелијан IX
  • 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
  • 284 Диоклецијан станува Римски император, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
  • 285 Антониј Велики се повлекува во пустина
  • 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
  • 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
  • 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
  • 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на Георгиј Победоносец
  • цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
  • цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
  • 308 Папата Марцелиј I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
  • 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
  • 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
  • 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
  • 313 Миланскиот Едит издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
  • 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
  • 315 Неокесариски Собор
  • 318 „За воплотувањето“ на свети Атанасиј Велики е објавено; почеток на Аријанството
  • 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
  • 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
  • 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
  • 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на Воскресението
  • 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
  • 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство

Забелешки

Видете исто така

Надворешни врски