Аријанство

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Аријанство, (аријанизам, аријанска ерес) е еретичко учење кое на почетокот претставувало Христолошка расправа која започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Св. Александар Александриски (хомоусијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста.

Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Синот е „роден“ или „создаден“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни подрачја, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските филозофи. На почетокот околу дваесетина епископи го мподдржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се оттргнале од него и се приклучиле на мнозинството.

На крај, донесен е Символот на верата со што Аријан и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во Илирик.