Свето Предание

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Светото Предание (παράδοσις; предание, усмено пренесување на верата), е нешто кое што се предава и се живее во Црквата а, е научено (предадено) или востановено како пракса, и, е во согласност со учењето на Господ Исус Христос, апостолите и Црквата го прифатила за такво. Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори Светото Писмо и светото Предание, овие два извори го сочинуваат Божјото Откровение. Православната Црква им дава еднакво значење на двата извори.

Благодатна ризница на светото предание е светата Црква Божја. За тоа какво значење има светото предание пишува и во самата Библија Држете ги преданијата на кој сте научени било со наш збор било со посланица. (2. Сол. 2, 15). Исто како и светото Писмо и светото Предание се смета за боговдахновено. Св. Василиј Велики зборува: “од догмите и проповедите кои што ги чува Црквата, некои ги имаме од запишаното учење, а некои потекнуваат од апостолското предание кое што нам како тајна ни е предадено.

До триесетата година по Христа учењето Христово не било запишано, па се пренесувало усно, оттука заклучокот дека светото Предание му претходело на светото Писмо. Оттука пак произлегува дека светото Писмо и светото Предание се две притоки кој се слеваат во големата река на Божјото откровение. На едната страна стои Светото писмо како извор на Божјото Откровение со своите канонски списи, а на другата страна светото Предание исто така како извор на Божјото Откровение, кое што ги опфаќа, кратките излагања и формулирања на верата, апостолските правила, актите на помесните и вселенските собори, делата на светите отци, литургиите, црковно –богослужбените текстови, побожните обичаи, монашките правила житијата на светиите и друго. Всушност светото Писмо правилно се толкува и разбира само низ светото Предание.

Протестанските христијански заедници не го прифаќаат светото Предание сметајќи дека тоа има човечки происход.

За православната Црква секоја догма мора да биде втемелена и во светото Писмо и во светото Предание подеднакво, бидејќи и двете се боговдахновени и имаат Божествен происход.