|
Маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардаиј и Орест; Маченица Лукија девица; Преподобен Аркадиј Новоторжски; Преподобен Мардариј, затвореник Печерски; Преподобен Арсениј; Преподобен Никодим; Свештеномаченик Гаврил, патријарх српски.
|
|
Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
Повеќе
|
|
Сите вистини на Православието се изведуваат од една вистина и се сведуваат на едната вистина, безгранична и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете било која вистина на Православието, ќе мора да пронајдете дека нејзиното срце е – Богочовекот Христос. Всушност, сите вистини на Православието не се ништо друго, освен – различни варијанти на едната Вистина: Богочовекот Христос. Православието е Православие со Богочовекот. И со ништо друго и никој друг. Оттука, второто име на Православието е – Богочовештво. Во него ништо не бива според човекот и од човекот, туку сè доаѓа од Богочовекот и бива според Богочовекот. А тоа значи: основната, вечната вистина на животот и светот, човекот ја доживува и осознава само со помошта од Богочовекот, во Богочовекот. Уште нешто: потполната вистина за човекот, за целта и смисолот на неговото постоење, човекот ја дознава единствено низ Богочовекот. Без Него и надвор од Него нема вистински човек, оти човекот е вистински човек само со Богочовекот и во Богочовекот. Надвор од Него човекот се претвора во привидение, во страшило, во бесмислица. И наместо човекот, вие наоѓате отпадоци од човекот, одломки од човекот, касаји од човекот. Оттука, единствено во богочовештвото е вистинското човештво. И нема друго под небото.
Православието е Православие со Богочовекот. И ние, православните, исповедувајќи Го Богочовекот, посредно ја исповедаме и христоликоста на човекот, неговото божествено потекло, неговата божествена возвишеност, а со тоа и божествената вредност и неприкосновеност на човечката личност. Всушност, борбата за Богочовекот е борба за човекот. Не хуманистите, туку луѓето на Православната богочовечка вера и живот се борат за вистинскиот човек, боголикиот и христоликиот човек.
Св. Јустин Ќелиски
|
|
Категории и статии
|
- Основни поими
- Пресвета Троица, Бог Отец, Бог Син, Бог Свет Дух, Пресвета Богородица, Света Евхаристија, Свети Тајни, Православна Црква, Вовед во Православие
|
- Литургика и Богословие
- Аскетика, Библија, Догматика, Западен обред, Обреди, Еклисиологија, Празници, Проповеди и трактати, Свети Тајни, Свето Писмо, Црковен календар
|
- Светители
- Англо-Саксонски светители, Американски светители, Библиски светители, Бугарски светители, Германски светители, Грузиски светители, Египетски светители, Карпато-руски светители, Келтски светители, Македонски светители, Маченици, Пустински отци, Романски светители, Руски светители, Свети Отци, Свети апостоли, Сириски светители, Скандинавски светители, Српски светители, Француски светители
|
- Црковна историја и Места
- Временска линија на црковната историја, Вселенски собори, Ереси, Јудаизам, Јурисдикции, Канонско право, Манастири, Светилишта, Текстови, Храмови
|
- Црковна уметност
- Архитектура, Иконопис, Литографија, Мозаик, Музика, Одежди, Резба, Филигран, Фрескопис, Химнографија
|
- Луѓе
- Епископи, Еретици, Клир, Мисионери, Монаси и Монахињи, Современи автори, Цареви и императори, Царици и императорки
|
- Друго
- Библиографија, Врски, Донации, Етика, Наука, Милостиња, Организација, OrthodoxWiki, Речник, Помош, Тематски статии, Уредување на страница, Цитати, Црковен живот, Шаблони
|
Уредувачи и корисници
|
Нови корисници: Регистрирајте се · Најавете се · Заштита на личните податоци · Што е Православната енциклопедија?
|
Помошни страници: Помош · Трпеза · Портал · Содржина · Анкета · Корисници
|
Пребарајте: Сите страници · Категории · Икони · Вести · Соопштенија
|
Уредете: Водич за корисници · Креирање на нови статии · Упатство за уредување на статии · Неутралност при уредување · Често Поставувани Прашања
|
+ Слава My на Бога за сѐ +
|