Разлика помеѓу преработките на „Голема ектенија“
(New page: {{Литургија}} Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата, но и на вечерната,...) |
с |
||
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | + | '''Голема ектенија''' (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на [[Литургија]]та, но и на [[вечерна]]та, [[утрена]]та и другите богослужби. Затоа што поголемиот дел на прозби во неа започнуваат со зборовите „Во мир на Господа да се помолиме“, се нарекува и мирна ектенија, ириника (грч: τα ειρηνικά). Големата ектенија има дванаесет прозби, и завршува со возглас. Во неа се наоѓаат прозби за Црквата и нејзината јерархија, за граѓанската власт, градот или селото во кое се богослужи, за оние кои патуваат, боледуваат, работаат, и за сите потреби на христијаните. На крајот следи молитвено обраќање кон [[Пресвета Богородица]] со седум високи епитети (пресвета, пречиста, преблагословен, славна, владичица, Богородица и секогашдева Марија). | |
− | Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на | ||
− | Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот Господ Исус Христос (дело кое потекнува од 3 век) и Апостолските установи (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен ѓакон, тој ја изговара големата ектенија, и тоа од | + | Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот [[Господ Исус Христос]] (дело кое потекнува од 3 век) и [[Апостолски установи|Апостолските установи]] (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен [[ѓакон]], тој ја изговара големата ектенија, и тоа од [[амвон]]от, а возгласот, чија тема е славата Божја, ја изговара свештеникот. |
+ | {{Литургија/широк}} | ||
[[Категорија:Литургика]] | [[Категорија:Литургика]] |
Последна преработка од 14:16, 12 февруари 2014
Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата, но и на вечерната, утрената и другите богослужби. Затоа што поголемиот дел на прозби во неа започнуваат со зборовите „Во мир на Господа да се помолиме“, се нарекува и мирна ектенија, ириника (грч: τα ειρηνικά). Големата ектенија има дванаесет прозби, и завршува со возглас. Во неа се наоѓаат прозби за Црквата и нејзината јерархија, за граѓанската власт, градот или селото во кое се богослужи, за оние кои патуваат, боледуваат, работаат, и за сите потреби на христијаните. На крајот следи молитвено обраќање кон Пресвета Богородица со седум високи епитети (пресвета, пречиста, преблагословен, славна, владичица, Богородица и секогашдева Марија).
Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот Господ Исус Христос (дело кое потекнува од 3 век) и Апостолските установи (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен ѓакон, тој ја изговара големата ектенија, и тоа од амвонот, а возгласот, чија тема е славата Божја, ја изговара свештеникот.
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|