Заупокоена ектенија
Заупокоената ектенија или трисагија како што се нарекува поинаку претставува ектенија за упокоените православни христијани, и како таква претставува најкраток богослужбебн молитвен чин за упокоените кога се извршува одделно, а истата е составен дел и на опелото, на парастосот и на Литургијата.
Содржи неколку прозби, на кој народот одговара «Господи помилуј» по три пати и крајната прозба, на која се одговара со «Подај, Господи». Потоа доаѓа молитвата «Боже на духовите», возгласот «Зошто ти си воскресение...» и отпуст.
Кога заупокоената ектенија се прави како посебен чин тогаш пред неа се чита трисвето и се пеат четири заупокоени тропари на четврти глас, а потоа доаѓа ектенијата.
Интегралниот текст на Заупокоената ектенија гласи:
Помилуј не Боже по големата Твоја милост ти се молиме услиши не и помилуј
Господи помилуј три пати
Зошто Ти си воскресение живот, и спокој на починатиот раб Твој (името), Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Благиот и Живототворниот Твој Дух сега и секогаш во вечни векови.
Уште се молиме за упокоение на душата на починатиот раб Божји(името) и да му е прости секое согрешение волно и неволно
Господи помилуј три пати
Та Господ нашиот Бог да ја всели неговата или нејзината душа каде што почиваат праведниците
Господи помилуј три пати
Милост Божја, Царство небесно, простување на неговите или нејзините гревови од Христа бесмртниот Цар и Бог наш просиме
Подаj Господи.
На Господа да се помолиме.
Господи помилуј три пати
Боже на духовите и на секое тело, Кој смртта со смртта си ја уништил, и ѓаволот си го поразил,и на светот твој живот си му дарувал. Ти самиот Господи, упокоја ја душата, на твојот, раб или рабинја или раби, во место светло, место блажено, место мирно, кај што нема болка тага ни воздишка. Како добар и човекољубив Бог прости му секое согрешение волно и неволно, зо збор дело и помисла, оти нема човек кој ќе живее а да не згреши, бидејќи Ти си Господи Единствен без грев, и Твојата правда е вечна правда и Твоето слово е вистина.
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|