Мал Вход

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Малиот Вход е стандарден дел од Светата Литургија, кој што подразбира влегување на свештенослужителите во олтарот, кои при влегувањето го носат Евангелието. Самиот збор «вход» означува влегување.

Историски развој

Малиот вход во раната Црква всушност бил почеток на Литургијата. Во тој момент Епископот влегувал во олтарот, со што се означувал почетокот на Литургијата. Антифоните се пееле во текот на процесијата, додека Епископот од својот дом доаѓал во храмот и со неа раководеле Презвитерите. Во денешно време антифоните се составен дел од Литургијата и тие му претходат на малиот вход, а малиот вход се изведува на тој начин што свештенослужителите со Евангелието во раце излегуваат од олтарот низ северната врата, преку која се влегува во проскомидијалникот, поминуваат низ храмот, застануваат пред дверите; ако служи ѓакон, тогаш ѓаконот, а ако не - свештеникот возгласува: "Премудрост, простум да стоиме", по што влегуваат во олтарот.

Од древниот вход и денес имаме остаток. Имено, на Архиерејска Литургија, Епископот не учествува во Литургијата за време на антифоните туку стои на епископскиот трон, и за прв пат во олтарот влегува по малиот вход.

Значење

Малиот вход го означува движењето на Целата Црква кон Царството Божјо чиј предвкус го доживуваме на Светата Литургија. Тоа е искачување, односно влез во свјатаја свјатих за таму да бидеме осветени преку принесувањето на бескрвната жртва. Навистина во олтарот влегуваат само свештенослужителите но во името на целиот народ. На еден таинствен, мистичен начин всушност и целиот народ се издигнува и влегува во олтарот за да биде обожен. Според некои теолози входот има и символично значење, го символизира излегувањето на Христа меѓу народот и неговата проповед.

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата