Прозбена ектенија
Прозбената ектенија е дел од Вечерната и Утрената уште во Апостолските установи. Покрај овие две богослужби, од VIII век е составен дел и од Божествената Литургија. Служи како дополнување на сугубата ектенија, а на Литургијата се произнесува двапати: после полагањето на Светите Дарови на Чесната Трпеза, и после анафората.
Прозбената ектенија се однесува на животот и потребите на верните после нивното напуштање на храмот (ангел-чувар, опростување на гревовите, христијански крај на нашиот живот). Првобитно се кажувала после отпуштањето на огласените, а пред пеењето на Херувимската песна, затоа што историски во тој момент храмот го напуштале покрстените Христијани кои не се причестувале.
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|