Света Литургија

Од Православна-енциклопедија
(Пренасочено од Литургија)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија
Проскомидија
Литургиски садови
Одежди
Литургија на огласените
Голема ектенија
Антифони
Мала ектенија
Мал Вход
Тропар
Трисвето
Апостол
Евангелие
Беседа
Сугуба ектенија
Заупокоена ектенија
Ектенија за огласените
Литургија на верните
Херувимска Песна
Голем Вход
Прозбена ектенија
Целив на мирот
Символ на верата
Анафора
Епиклеза
Прозбена ектенија
Оче наш
Причестување
Заамвонска молитва
Отпуст
Антидор
Уреди ја кутијата


Света Литургија (гр. λειτουργια, лат. ministerium, officium, јавна служба, служење или јавно дело, свештеничка служба во храм), во современиот Православен речник Литургијата има потесно значење и со неа се именува чинот на евхаристичка служба, или чин на Светата Тајна на Тајните – Света Евхаристија или Свeта Причест. Таа е основна и обврзителна дејност на Црквата. Како молитва, ова богослужение се разликува и е пред сите други молитви. Божествената Литургија е црковно дејство на собраните од Бога за служење, за молитва, за слушање на Словото, за поучување во заповедите Божји, за предавање на себеси во благодарност на Бога Отецот и за стекнување на живо искуство на Неговото Царство преку Светата Причест на Неговиот Син, Кој со Светиот Дух веќе присуствува во нас.

Во секој смисол, Литургијата е празник на верата, прославување на дарот на познанието на Пресветата Троица и повторена потврда на новиот живот кој доаѓа од Троичниот Бог. Како што самиот св. Василиј Велики вели: „Патот кон богопознанието се вознесува од едниот Дух преку едниот Син кон едниот Отец. Истовремено, природната добрина, неразделната светост и царското достојание доаѓа кон нас од Отецот преку едниот Единородниот Син кон Духот.“ Секое богослужение - како лично, така и заедничко, е упатено на Отецот преку Синот во Светиот Дух, Кој заедно со нашите духови сведочи дека сме Божји деца, сонаследници Христови, и повикуваме „Авва, Отче!“ (Рим. 8,15-17)

Делови на Светата Литургија

Света Литургија

Литургијата се состои од три делови: проскомидија, литургија на огласените и литургија на верните.

Проскомидија

На проскомидијата (принесувањето), верниците носат леб и вино, елементи за свршување на Светата Литургија, со молба да бидат споменати во текот на Литургијата. Од лебовите (просфори) и од виното, свештеникот принесува принос, како Жртва во спомен на страданијата на Господа Исуса Христа, Јагнето принесено на крст поради очистување на гревовите на светот, потоа во спомен на славната Владетелка наша Богородица и секогаш Дева Марија, потоа во спомен на пророците, апостолите, големите вселенски учители и ерарси, мачениците и маченичките, преподобните отци и мајки, светите бесребреници, светите богоотци Јоаким и Ана и сите светии, и на светиот отец чијашто Литургија се врши; потоа за здравје и спасение на живите, за спомен и простувње на гревовите на покојните и сите свети коишто умреле со надеж на воскресението и животот вечен.

Литургија на огласените

Литургијата на огласените или катикумените (тие коишто се подготвувале да го примат Светот Крштевање) се состоела од пеење псалми, читање на Светото Писмо од двата Завети, од проповед и молитви за огласените и покајниците. На овој дел можеле да присуствуваат и некрстените за да можат да ја запознаат верата. Но, тие стоеле во пронаосот и при повикот на свештеникот: огласени излезете, морале да излезат од црквата.

Литургија на верните

Делот од богослужбата што се вика Литургија на верните се состои од принесување на благодарната Жртва која што верниците ја принесуваат на Бога во спомен на смртта на Неговиот Син. На неа можеле да останат само оние кои веќе биле крстени, т.е. верниците, и оттука доаѓа и името на овој дел.

На крајот од Литургијата се дели анафора (антидор) на сите, дури и на оние кои не биле на оваа богослужба, како знак на заедништво со Црквата, обичај што води потекло од првобитните заеднички трпези – агапе.

Значење

Литургијата има богатство на значења. Таа е собирање на заедницата и заедничарење. Ова празнување е заеднично. Христос е наш домаќин, и нè повикува на гозба. Тој Самиот ни даде упатства како да бидеме и живееме заедно, како на пример: „Каде што се двајца или тројца собрани во мое име, тука и јас сум меѓу нив.“ Затоа во таа заеднива пред Христа исчезнуваат разликите.

Литургијата е гозба. Тука на верниците им се понудува Христовото тело. Значи, Христос не е само Домаќин, туку и Храна. Телото и крвта се Христос, ние Го примаме Христа. Тоа јадење и пиење нè соединува со Христа, и меѓусебно.

Литургијата во Новиот Завет

Постојат суштински показатели за значењето на јавното богослужење и евхаристиската литургиска пракса во Нoвиот Завет. Така на пример, врската помеѓу служењето на Евхаристија и проповедањето на Евангелието е дадена во Првото послание на св. апостол Павле (1.Кор.11,26); прикажана е врската помеѓу Евхаристијата и Црквата (1.Кор.10,17), жртвениот аспект на самата Литургија (Евр.13,15). Литургијата во Новиот Завет е посочена како богослужење во храмот, каде „секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи мнгупати едни и исти жртви“ (Евр.10,11) и каде се врши секоја верска служба. Оттука, учениците литургувале на Бога (Дела 13,2), апостолот се нарекува себеси „литургичар“ Христов (Рим.15,16), додека ангелите се „литургиски (службени) духови“ (Евр.1,14)

Литургијата како Жртва

За повеќе видете: Света Евхаристија

Жртвите постојат уште од Стариот Завет, и тоа како крвни жртви, при кои се принесувале: овци, кози, грлици и гулаби, и бескрвни: класови, брашно, зејтин, темјан, леб и вино. Според својата цел, пак, тие се делеле на жртви сепаленици (за грев и кривица) и жртви на мир и спасение (жртви на фалење и благодарност).

Старозаветните жртви не можеле да ја отстранат вината на прародителскиот грев, иако биле заповедани од Бога. Тие биле само знаци и символи кои укажуваат дека човекот пред Бога е грешен и треба да копнее за искупување, и го наговестувале тоа што требало да се случи во иднината, т.е. големата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. И токму тоа што жртвите на Стариот Завет не успеале да го сторат, беше остварено преку жртвувањето на Агнецот Божји, овоплотениот и единородниот Син Божји.

Литургијата во животот на Православните

Православните ја извршуваат Божествената Литургија во недела, денот што истовремено го означува првиот и последниот ден на создавањето, или осмиот ден како што тој се вика во Светото Предание. Неделата е денот на Христовото воскресение од мртвите, денот на судот и Божјата победа, Денот Господов, кој уште сега, во животот на овој свет, го открива присуството и силата на Царството што доаѓа. На руски, недела се вика воскресение.

Освен во неделите, Литургијата се служи и во празнични денови, а во манастирите, соборните храмови и во некои поголеми парохиски цркви, таа се служи и почесто. Како заедничко дело на народот Божји, Литургијата може да се служи само еднаш во денот. Во неа се собираат сите членови на црковната општина на чело со пастирот, дури и малите деца и доенчињата, кои од денот на нивното крштевање имаат потполно учество во литургиското причестување. Секогаш сите, секогаш заедно - таква е традиционалната православна определба на Божествената Литургија.

Оваа служба не може да се смета просто само како една од многуте, или како акт на лична добродетелност, дури ни само како молитва или како една од тајните. Божествената Литургија е единствена, општа тајна на суштината на Црквата - како на земјата така и на небото. Христијанинот не може да се смета за Православен, ако не живее литургиски. Светата Литургија и богослужењето не се просто само „шанса”, нешто што е во програмата на неговиот живот, туку таа е живоносен калем на кој се калеми и кој го преобразува севкупниот негов живот. Светата Литургија е нашиот центар, основа, почеток и крај. Само во светата евхаристија човекот станува вистински човек, значи, битие според иконата Божја.

Кога православните се накалемуваат на литургискиот дух на општожителството, кој всушност е литургискиот дух на Православието, тогаш се спасуваат од силните и разорни струи на светот. Живеењето според светот, всушност, е обид животот да се организира надвор од литургијата и Црквата.

Принесувајќи се себеси и сè друго принесувајќи со Христа на Бога, човекот дејствува како битие според иконата Божја. На тој начин, човекот навистина станува човек.

Видете исто така


Извори

  • Тајне вјере и живота, д-р. Јустин Поповиќ, Крњево, 1877

Надворешни врски