Презвитер

Од Православна-енциклопедија
(Пренасочено од Свештеник)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian local synod.jpg
Основни чинови
Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови
Ипоѓакон - Чтец
Псалт - Аколит
Други чинови
Хорепископ - Егзорцист
Вратар - Ѓакониса
Епископски титули
Патријарх - Католикос
Архиепископ - Митрополит
Викарен - Титуларен
Свештенички титули
Архимандрит - Протопрезвитер
Протосингел
Ѓаконски титули
Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули
Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули
Архимандрит
Авва - Игумен
Исто така
Ракополагање - Одежди
Старешина
Уреди ја кутијата


Презвитер, свештеник (грч: πρεσβιτερος - старец, старешина) е свештенослужителски чин, втор по ред во Црковната ерархија, повисок од ѓакон, понизок од Епископот, посветен со хиротонија. Презвитерот е наследник на седумдесетте ученици кои Господ Исус Христос лично ги израл (Лука 10,1), наречени „помали апостоли“. Во Светото Писмо терминот презвитер се користи како синоним за епископ, и се однесува на водачот на една локална Црква. Во својата современа употреба, овој термин е различен од терминот епископ, и е синоним на свештеник. Презвитерот ги врши сите богослужби, освен хиротонија и осветување на миро, и е ракоположен од епископот и (символички) од народот, кој својата согласност и одобрување ги дава извикувајќи „Достоен!“ ( грч. Άξιος, Аксиос!)

Новозаветното свештенство е продолжеток на старозаветното, и како такво постоело во првобитните христијански заедници, формирани од нововерниите Јудејци од Палестина; свештениците имале улога да ги водат заеднците кои биле основани од апостолите. Презвитерството е потчинето на епископатот, по служба и по власт, но е и по потекло. И двата чина ги вршат апостолскиот повик и неодвоиви се од Црквата, но сепак не го вршат во исто својство и на ист начин: тие се дополнуваат . Во олтарот, епископскиот престол е окружен од сопрестолите на презвитерите, кои се негови сослужители и соработници, како литургиски, така и пастриски гледани. На помесните собори учествуваат и свештеници, но без право на глас.

Презвитерството во Новиот Завет

Во Делата апостолски (Дап 11,30) јасно се кажува дека апостолите Павле и Варнава донеле помош за презвитерите во Ерусалим од Антиохија. Свети Јаков Праведен, за кој се знае дека бил епископ во Ерусалим (Дап 21,5) се среќава со светиот апостол Павле, повикувајќи ги сите презвитери од градот. Исто така, Свети Јаков се советува со Христијаните да ги повикаат презвитерите на Црквата, за да се молат за болните (Јак 4,14). На своите патувања по Мала Азија, Павле и Варнава хиротонисале презвитери за сите локални христијански заедници (Дап 14,23), со повеќесложни задачи: пастирски, да се молат и помазуваат болни, да проповедаат и поучуват, да се грижат и да раководат со заедницата, да ги упатуваат верните во духовниот живот итн; нивното основно служење се состои во принесување на пофалби, богопочитување и молитви на верните.

Во Дидахите (15,2) јасно се потврдува дека посебна должност на свештеникот е учителската служба. После упокојувањето (најчесто пострадувањето) на светите апостоли, направена е јасна дистинкција помеѓу катедрата на епископот и презвитерот (и на ѓаконот, и меѓу првите кој јасно ја прави оваа поделба е св. Игнатиј Антиохиски).

Видови на титули и одежди

Презвитерите од монашки ред (јеромонаси) служат во манастирите, а од мирски ред во парохии. Почесна титула на световниот презвитер е протопрезвитер, протоереј и протоереј-ставрофор, а монашки: сингел, протосингел, игумен и архимандирт, при што последните два се и настојатели на манастирот.

Според степенот на презвитерство, карактеристични се богослужбените одежди - епитрахил, фелон и појас. Протопрезвитерот како чест се здобива со правото на носење и набредреник, додека протоереј-ставрофор се здобива со право да носи граден крст.

Видете исто така