Викарен епископ

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Викарен епископ (понекогаш и хорепископ) е епископ без катедра, кој ги извршува функциите кои помесниот епископ му ги доделил, а чиј помошник, односно заменик е. Најчесто има титула произлезена од еден од градовите на епископијата во која е назначен како помошник, иако не е активен епископ на истиот град.

Носејќи титула чие име е добиено од град што се наоѓа на територијата на туѓа епископска катедра, викарните епископи се еклисиолошки неоправдани. Дел од помесните Православни Цркви го решаваат овој проблем назначувајќи титуларни епископи, чија катедра се однесува на територија која не е возглавена од друг епископ.

Во раната Црква, улогата на хорепископот била слична на денешната улога на викарниот епископ, со таа разлика што хорепископот, како што и самото име укажува, служел во село во близина на градот кој бил возглавен од епископот, чиј помошник бил тој. Хорепископите не вршеле ракополагања. Се верува дека хирепископатот е развиен во делови од Ромејското Царство на територијата на денешна Романија.

Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian Local Synod
Основни чинови Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови Ипоѓакон - Чтец - Псалт - Аколит
Други чинови Хорепископ - Егзорцист - Вратар - Ѓакониса
Епископски титули Патријарх - Католикос - Архиепископ - Митрополит - Викарен - Титуларен
Свештенички титули Архимандрит - Протопрезвитер - Протосингел
Ѓаконски титули Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули Архимандрит - Авва - Игумен
Исто така Ракоположување - Одежди - Старешина
Уреди ја кутијата