Католикос

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Католикос е епископска титула која се користи во неколку христијански Цркви на Средниот Исток. Освен Епископите од Црквата во Грузија, повеќето од овие цркви отпаднале од Православната Црква како резултат на различни христолошки несогласувања во првиот милениум од Христовата Црква.

Самиот збор католикос потекнува од грчкиот збор καθολικός, со значење вселенски, оној кој се однесува на целината, општ. Самиот назив се појавил во црквите на крајниот исток од Римското Царство, како и во Персиското Царство при крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. До крајот на петтиот век сите помесни епископи ја користеле оваа титула, која во тоа време не била синонимна со називот „патријарх“.

За време на христолошките расправи, многу католикоси на Средниот Истол ја отфрлиле Православната позиција објавена преку оросите на Вселенските собори, и најчесто се причислувале кон несторијанските или монофизитските ереси. Само Црквата во Грузија останала православна, и продолжила со употребата на титулата католикос за означување на првиот меѓу еднаквите: Неговата Светост и Блаженство, Католикос Патријарх на цела Грузија.

Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian Local Synod
Основни чинови Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови Ипоѓакон - Чтец - Псалт - Аколит
Други чинови Хорепископ - Егзорцист - Вратар - Ѓакониса
Епископски титули Патријарх - Католикос - Архиепископ - Митрополит - Викарен - Титуларен
Свештенички титули Архимандрит - Протопрезвитер - Протосингел
Ѓаконски титули Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули Архимандрит - Авва - Игумен
Исто така Ракоположување - Одежди - Старешина
Уреди ја кутијата