Епиклеза
Епиклеза е централен дел на Светата Литургија. На Епиклезата се случува повикувањето на Светиот Дух, да дојде и да ги освети предложените дарови, лебот и виното и да ги претвори во Тело и Крв Христови, од кои потоа се причестуваат членовите на овоземната Црква Христова.
Епиклезата според тоа е дел од канонот на Евхаристија на сите литургии напишани во историјата, со исклучок на Литургијата на претходноосветени дарови, каде нема потреба од епиклеза. Според тоа епиклезата по својата форма е молитва која што ја чита предстојателот на литургиското собрание - Епископот или Свештеникот, и после која молитва веруваме дека евхаристиските дарови се претвориле во Тело и Крв Христови.
Епиклезата доаѓа после анамнезата, која е спомнување за Христовиот живот и последната Тајна вечера. Кај Римокатоличката христијанска заедница Епиклезата не постои, туку тие веруваат дека преку анамнезата даровите се осветуваат. Тоа нивно верување го засноваат на учењето дека на Тајната вечера немало епиклеза, но на Тајната вечера бил самиот Христос, кој ги осветил даровите, додека после таа прва литургија во историјата, на сите други литургии епиклезата бил составен дел од литургијата, почнувајќи од оние најдревните апостолски литургиски текстови.
Следи интегралниот текст на епиклеза од Златоустовата литургија.
Уште ти се молиме те преколнуваме и ти се умилкуваме испрати го Пресветиот Твој Дух на нас и на овие предложени дарови и претвори го овој леб во чесно Тело на Твојот Христос Амин А што е во оваа чаша чесна Крв на Твојот Христос Амин Ги претвори со Својот Свет Дух Амин ,Амин, Амин
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|