Ектенија за огласените

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ектенијата за огласените која се чита за време на Божествената Литургија е ектенија со којашто завршува Литургијата на огласените, т.е. Литургијата на словото. По неа започнува Литургијата на верните. За време на оваа ектенија свештенослужителот на престолот го разоткрива антиминсот.

Молитва од и за огласените

Оваа ектенија се состои од прозби за огласените кои се подготвуваат за Свето Крштение. Преку неа, верните се молат за огласените, за Господ да покаже милост кон нив, да ги просвети со Евангелието на Вистината, да ги присоедини кон Неговата Света Црква, давајќи им отпуштање на гревовите и облекувајќи ги во „нетрулежната облека“ на Крштението.

Иако на Литургијата најчесто нема пристуни огласени, сепак Црквата секојдневно, преку оваа ектенија, се моли за нив. Во случај да нема огласени на Литургијата, вообичаена е праксата да се испушти последниот повик („Огласени вашите глави приклонете ги пред Господа“).

Отпуштање на огласените

Оваа ектенија завршува со повикот „Огласени излезете...“, по што огласените и сите други некрстени луѓе присутни на Литургија се отпуштаат. Во раната Црква, сите огласени заминувале после овој повик, а заедно со нив си заминувале и сите членови коишто биле под забрана за причестување. Во денешно време, оваа пракса е напуштена.

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата