Разлика помеѓу преработките на „Шести вселенски собор“
(New page: {{Вовед}} {{никулец}} '''Шести вселенски собор''' (грч: Η ΣΤ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Τρίτη Σύνοδος της Κωνσταν...) |
с (interwiki) |
||
Ред 10: | Ред 10: | ||
== Видете исто така== | == Видете исто така== | ||
[[Категорија:Вселенски собори]] | [[Категорија:Вселенски собори]] | ||
+ | |||
+ | [[ar:المجمع المسكوني السادس]] | ||
+ | [[en:Sixth Ecumenical Council]] | ||
+ | [[ro:Sinodul VI Ecumenic]] |
Последна преработка од 02:38, 27 март 2011
Шести вселенски собор (грч: Η ΣΤ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Τρίτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Трет Цариградски собор) е одржан во Цариград од 7 ноември 680 до 16 септември 681 година. Соборот е свикан од страна на царот Константин I Погонат, и е одржан во царскиот двор, во свечена сала со куполи (τρουλλος), и поради тоа е наречен и Трулски собор. Биле присутни 174 Епископи, а римскиот Епископ Агатон бил претставен преку три пратеника. Соборот е свикан за да се даде одговор на монотелитската ерес, која се појавила во времето на царот Ираклиј (610-641 г.) а е формулирана од страна на патријархот Сергиј и прифатена од римскиот Епископ Хонориј. Според тоа учење, познато и како Ектесис, Господ Исус Христос има две природи, а после Воплотувањето има само една волја (монотелитизам) или едно дејство (моноенергизам). Вака формулираното учење ја нудело можноста монофизитите да се вратат во Црквата, но било противречно на Халкидонскиот орос.