Вовед во Православие
Православието (грч: Ορθοδοξία) е животот во полнотата на вистината на Православната вера, оригинален и непроменет облик на Христијанство, вера која „еднаш е предадена на светите“ (Јуда 3,1), и која живее преку Светото Предание, непроменливо, а сепак динамично. Апостолската вера е основниот критериум на Православното учење, а историјата на Православието започнува со историјата на Христијанството, односно со настаните помеѓу Вознесението и Педесетницата, со која е означен и почетокот на Новозаветната Црква (грч. εκκλησία).
Содржина
Бог
- главна статија: Пресвета Троица
Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.
Христологија
- главна статија: Христологија
Христологијата (грч. Χριστόλόγια, од Χριστός - Помазаник; λόγος - наука) е област, односно една од поважните гранки на Православната теологија и догматика која се занимава со проучување на Втората Ипостас на Света Троица - Синот Божји, Христос Логосот; христологијата е сублимирано догматско учење за двете природи во едната Ипостас на Господ Исус Христос, кое е формулирање на Првиот (Никеа, 325), Четвртиот (Халкидон, 451) и Шестиот (цариград, 680) вселенски собор, преку синтеза на новозаветните податоци и патристичкото богословие. Во ранохристијанскиот период, борбата околу вистинското разбирање на Личноста на Исус Христос се одвивала помеѓу учењето на Црквата и различните еретички учења кои на разни начини се обидувале да навлезат во Црквата.
Пневматологија
Еклисиологија
- главна статија: Еклисиологија
Еклисиологијата (грч: έκκλησιολογία, од εκκαλέω - собрание, собор) е дел на догматиката, која ја обработува сетајноста на Црквата; сетајноста на Црквата не се гледа како синтеза на сите Свети Тајни, туку говори за Црквата како извор на сите Свети Тајни преку непресуштноста на изворот на благодатта Божја која се согледува во самата Црква. Еклисиологијата се објаснува како учење за Црквата како богочовечко тело, Тело Христово, заедница на Бога, ангелите, светителите и верните - членови на Црквата на земјата;
Марилогија
Свето Предание
- главна статија: Свето Предание
Светото Предание (παράδοσις; предание, усмено пренесување на верата), е нешто кое што се предава и се живее во Црквата а, е научено (предадено) или востановено како пракса, и, е во согласност со учењето на Господ Исус Христос, апостолите и Црквата го прифатила за такво. Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори Светото Писмо и светото Предание, овие два извори го сочинуваат Божјото Откровение. Православната Црква им дава еднакво значење на двата извори.
Благодатна ризница на светото предание е светата Црква Божја. За тоа какво значење има светото предание пишува и во самата Библија Држете ги преданијата на кој сте научени било со наш збор било со посланица. (2. Сол. 2, 15). Исто како и светото Писмо и светото Предание се смета за боговдахновено. Св. Василиј Велики зборува: “од догмите и проповедите кои што ги чува Црквата, некои ги имаме од запишаното учење, а некои потекнуваат од апостолското предание кое што нам како тајна ни е предадено.”
Богослужби
Свети Тајни
- главна статија: Свети Тајни
За Свети Тајни во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, и за неа сѐ е Света Тајна. Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на Господ Исус Христос непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на Свети Никола Кавасила е присутна во Светите Тајни. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.
Антропологија
Сотириологија
- главна статија: Сотириологија
Сотрирологијата (грч. σωτηρίόλόγια, од σωτηρία - спасение, ослободување, исцелување и λόγος - наука) е христијанско учење за спасението на луѓето од гревот, учење за Христос како Спасител и Искупител на човештвото; тоа е чин на Љубов со кое Бог, преку Воплотувањето, смртта и Воскресението на Господ Исус Христос на човекот му дава вечен живот кој се остварува само во заедница со Бога. Спасението е воскреснување на луѓето од гревовна смрт со Воскреснатиот Хрисос, односно спасението е живот во воснесениот Христос, во Чие име (Исус - Спасител) е претскажан и објавен сиот Негов Богочовечки подвиг на спасение на човечкиот род (Лука 2,11).
Клир
Светители
Историја
Набрзо, откако учењето Христово почнало да се проповеда меѓу Незнабошците, следбениците на Христос во Антиохија биле наречени Христијани (Дела 11, 26). Поимот „Христијани” означувал дека оние кои го носат тоа име, му припаѓаат на Христа – припадност во смисла, на посветеност на Христос и неговото учење. Од Антиохија името Христијани било раширено на секаде.
Следбениците Христови на драга воља се нарекувале себе си според името на нивниот возљубен Учител и Господ; а непријателите Христови ги нарекувале Неговите следбеници Христијани, пренесувајќи ја на нив сета злоба и омраза која ја имаа кон Христа.