Разлика помеѓу преработките на „Сугуба ектенија“
(Создадена страница со: '''Сугубата ектенија''' (грч: εκτενής δέησις) по својата содржина е блиска на прозбена...) |
(нема разлика)
|
Преработка од 14:28, 12 февруари 2014
Сугубата ектенија (грч: εκτενής δέησις) по својата содржина е блиска на прозбената, и нејзиниот денешен облик потекнува од XV век. На првите две прозби народот одговара со „Господи помилуј“ (грч: Κύριε ελέησον) еднократно, а на останатите со истото молење, само трократно.
Називот сугуба значи „двојна“, „водвоена“, а името го добива поради тоа што на почетокот на ектенијата во два наврати заедницата се обраќа кон милоста Божја. Се состои од дванаесет основни кратки молитви за православниот род, за неговите потреби, за надлежниот Епископ, за сите упокоени, особено за оние што се погребани во близина на местото кадешто се богослужи, за отпуштање на гревовите на присутниот народ и за доброчинителите. После последната прозба, по потреба, се додаваат прозби за оздравување на болните, за ослободување на заробениците, за престанување на суша / дождови / снег, за заштита од воена опасност и слично.
Ектенијата се завршува со возглас во кој се повикува Божјата милост.
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|