Разлика помеѓу преработките на „Бог Свет Дух“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с (interwiki fr)
 
Ред 18: Ред 18:
 
[[el:Άγιο Πνεύμα]]
 
[[el:Άγιο Πνεύμα]]
 
[[en:Holy Spirit]]
 
[[en:Holy Spirit]]
 +
[[fr:Saint Esprit]]
 
[[ro:Duhul Sfânt]]
 
[[ro:Duhul Sfânt]]

Последна преработка од 18:26, 8 февруари 2011

Светиот Дух во вид на гулаб
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Светиот Дух (грч: Άγιο Πνεύμα) е третото Лице на Света Троица. Светиот Дух од вечноста исходи од единствената испостас на Бог Отецот, и има улога во икономијата на домостројот на спасението. Светиот Дух тајно делотвори во секој акт на божественото делување, искупување и последниот суд. Божественото достоинство на Светиот Дух и Неговата неразделна припадност на Пресвета Троица Црквата го примила од апостолите како богооткриена вистина и го дефинирала во осмиот член на Символот на верата: “(Верувам)... И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и Го славиме и Кој говорел преку пророците.“ Секој, кој одрекнувал дека Светиот Дух не е Бог, Црквата го изопштувала. Во борбата за догматско-богословска вистина, пак, Црквата имала две спротивставен ереси како најлути непријатели: савелијанската и аријанската ерес (или уште попрецизно, македонијанизмот).

Светиот Дух во Света Троица

Светотроичното толкување на сите Божји дела го подразбира учеството на Светиот Дух во чинот на создавање: „Духот Божји лебдеше над водата“ (Битие, 1,2). Делувањето на Светиот Дух треба да се гледа како дел од творечката Божја активност. Светото Предание Го објаснува Светиот Дух како ипостас која се’ одржува, а посебно човекот, кому Бог „му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“ (Битие 2,7). Токму Овој „дух животен“, кој е поистоветен со Светиот Дух е она што го прави човекот да биде икона Божја. Ова дејство на Светиот Дух го наговестил и ветил на своите ученици и самиот Господ Исус Христос. Тој всушност објавува дека не само што Светиот Дух Го сведочи и прославува (Јован 15,26), туку дека и Светиот Дух, на Светата Педесетница во апостолите ќе ја актуелизира реалноста на спасоносниот подвиг и неговите дела (Јован 14,26).

Господ Исус Христос пред Своето Вознесение нагласил пред своите апостоли дека нема спасение додека не се исполнат со силата на Светиот Дух (Лука 24,29). Светиот Дух е Дух на мудрост и на откровение (Ефесјани 1,17), Кој го исполнува човекот со божествена мудрост и му ја открива тајната на Богочовекот Христос; преку силата на Светиот Дух литургиски, евхаристиски и теофаниски се јавува тајната на спасението во Царството Божјо уште во времето и просторот на овој век и свет. Во тој контекст, односот помеѓу Христос и Светиот Дух е неразделив (што имплицира и неразделивост помеѓу Христологијата и Пневматологијата); сепак, невозможно е да се види Светиот Дух (Јован 14,17), што претставува суштинска разлика помеѓу делувањето на Исус Христос и Светиот Дух. Но, преку Светиот Дух се гледа Синот, Кој е икона на Отецот. Преку Светиот Дух, Кој непрестајно обитува во Црквата, се остварува есхатолошката природа на Црквата како Тело Христово. „Каде е Црквата, таму е и Светиот Дух“ (Свети Иринеј Лионски), Кој „ја изградува Црквата Божја“ (Свети Василиј Велики). Со други зборови, сиот живот на Црквата, секое црковно дејание, служба, тајна или дело бива само преку призивањето на силата и благодатта на Светиот Дух, односно „Благодатта, давана од Света Троица, се дава од Отецот преку Синот во Светиот Дух.“ (Свети Атанасиј Велики).

Светиот Дух во библистиката

Света Педесетица

Светиот Дух дејствува низ историјата на спасението на луѓето. Сепак, се до Новиот Завет и „ерата на Духот“ во Светото Писмо не може да се најдат деталите за Неговото дело. Духот Божји бил активен во создавањето на Светот. Како и Бог Отецот, и Тој е секаде присутен - нема ништо никаде во сета твар, надвор од Неговото владение. Во Светото Писмо може да се прочита за Духот Божји, Кој го оспособува Својот народ; Тој им дарува вдахновение на пророците и преку нив го соопштува Божјото слово. Но Стариот Завет постои со исчекување на денот кога Светиот Дух ќе се излие на сите народи. Кога Христос се воплотил, Тој бива роден преку силата на Светиот Дух. Светиот Дух е Оној кој слегува на Него на денот на кршението во реката Јордан, и истиот Тој Дух Го одвел во пустината, каде ѓаволот Го искушувал. Во почетокот на Својата јавна мисија, Христос објавил дека ќе делува со силата на Духот. Свети Јован Крстител, исто така, рекол дкеа Исус ќе ги крштева луѓето со Светиот Дух. Самиот Христос, пак, им ветил на Своите ученици дека откако ќе ги остави, ќе им Го испрати Светиот Дух, за со нив да остане за сите времиња: во времето кога Синот се враќа кај Отецот, Светиот Дух ќе биде Оној кој ќе ги поучува и води учениците и ќе им дава сила: „Тој ќе ме прослави“, рекол Христос.

Светите апостоли се крстени во Светиот Дух, по ветувањето Христово, на денот на Педесетница. Нивното крштевање било очигледно за сите: според нивниот начин на прославување на Бога, според смелоста, и говорењето на други јазици, како и моќната проповед. Како што и светиот апостол Петар им рекол на своите ученици на денот на Педесетница, кога се исполнува всушност Јоиловото пророштво, Бог Го излил Светиот Дух на сите верници. Кога некој станува Христијанин, истиот тој го прима дарот на Светиот Дух, и на тој начин Светиот Дух е во него, давајќи му ново поимање и владеење, чивејќи го свесен дека навистина е син Божји, преку единството со Исус Христос. Тој прави да се вподобиме на Христос во добродетелите, „љубов, радост, мир, трпение, милосрдие“, давајќи и дарови за служба (1 Мој 1,2; Пс 139,7-12; Суд 3,10; 14,6; Ис 11,1-3; 2 Сам 23,2-5; Ез 36,26-27; Јл 2,28-29, Мих 3,8; Лука 1,35; 3,22; 4,1-18; 3,16; Јован 14,16-17; 16,7-15; Дап 2; Рм 8; 1 Кор 12; Гал 5,22-23).