Разлика помеѓу преработките на „Пресвета Троица“
с (→Учењето за Света Троица) |
с |
||
(Не се прикажани 7 меѓувремени преработки од истиот корисник) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Вовед}} | {{Вовед}} | ||
− | + | ||
− | '''Пресвета Троица''' (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само [[догма]]тски [[канон]] или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите | + | '''Пресвета Троица''', Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само [[догма]]тски [[канон]] или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите [[Ипостас]]и: [[Бог Отец|Отец]], [[Господ Исус Христос|Син]] и [[Бог Свет Дух|Свет Дух]], Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата. |
==Света Троица во Стариот Завет== | ==Света Троица во Стариот Завет== | ||
Ред 34: | Ред 34: | ||
# Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет. | # Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет. | ||
# Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“ | # Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“ | ||
+ | # Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека: | ||
+ | #* Трите испостаси на Троица имаат заедничка божествена суштина (υοσια) | ||
+ | #* Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие | ||
+ | #* Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа | ||
+ | #* Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите | ||
+ | # Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи. | ||
+ | == Надворешни врски == | ||
+ | * [http://ortos.wordpress.com/2008/06/15/учењето-на-православната-црква-за-пре/ Блог Свиток, Учењето на Православната Црква за Пресвета Троица] | ||
[[Категорија:Богословие]] | [[Категорија:Богословие]] | ||
− | [[Категорија: | + | [[Категорија:Избрани статии]] |
− | |||
[[el:Αγία Τριάδα]] | [[el:Αγία Τριάδα]] | ||
[[en:Holy Trinity]] | [[en:Holy Trinity]] | ||
[[es:Santísima Trinidad]] | [[es:Santísima Trinidad]] | ||
[[ro:Sfânta Treime]] | [[ro:Sfânta Treime]] |
Последна преработка од 17:20, 25 декември 2013
Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
Содржина
Света Троица во Стариот Завет
Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:
- Советот на Света Троица при создавањето на човекот: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние“ (1 Мој 1,26)
- Тројното ангелско воздигнување на славата на Света Троица: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот“ (Исаија 6,3)
- Доаѓањето на троица луѓе кај дабот Мамвре, и Гостопримството Авраамово (1 Мој 18,1-2)
- Споменувањето на Логосот Божји во Псалмите (Пс 106/107,20; Пс 118/119,89)
- Споменувањето на Духот Божји (Пс 32/33,6; Пс 103/104,30-31; Јов 33,4)
Света Троица во Христијанството
Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.
Токму овие „доктори на учењето на Црквата“ го усвоиле Православното богословско учење за Пресвета Троица, и тоа најчесто како одговор на искривувањата кои се јавувале низ времето. Резимирано, богословието на Црквата од Исток укажува дека Бог е една суштина во три испостаси и една заедничка енергија на трите ипостаси. Суштината (ουσία) и енергијата (ενέργεια) ја сочинуваат Божествената природа (φΰσιζ). Секоја ипостас (ΰπόστασις) има севкупна суштина, каква што ја има и Божеството, и исто така ниту енергијата не се дели на енергија на Отецот, енергија на Синот и на Светиот Дух, туку е заедничка и единствена за сите ипостаси. Помеѓу Света Троица постои меѓуипостасно движење или перихореза (совршено исполнување). „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“).
Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.
Учењето за Света Троица
- Бог Е Еден во три Лица, една природа, една моќ, едно делување, една заедничка енергија во три ипостаси. Постои истоветност на природа, волја и делување, совршено и витинско во Бога. Трите ипостаси ја имаат истата природа, еднакво и совршено - и за тоа Троица не значи три божества (тритеизам), или три различни божествени природи, туку три лица (ипостаси) Божји. Истата природа ја поседуваат и употребуваат потполно и подеднакво сите Три Лица, но секое на Свој посебен начин.
- Бог, или единствената природа, не може да се замисли сама по себе, надвор од ипостасите на Троица. Ниту една од тие ипостаси не се замислува и не се именува без, или надвор од другите две. Свети Григориј Богослов вели дека „монадата“ се движи кон „дијада“ и запира на „тријада“, односно, по зборовите на Свети Григориј Синаит: „Треба со набожност да ги исповедаме нероденоста, роденоста и исходењето, трите лични својства, неподвижни и непроменливи на Лицата на Пресвета Троица: Отецот, како нероден и беспочетен; Синот, како роден и беспочетен; Светио Дух, како исходен од Отецот, испратен преку Синот (како што вели Дамаскин) и совечен.“ Во тоа движење на единството или монадите кон Троица, може да се направат следните разлики:
- Отецот и извор на божеството (αρχη), нероден и со ништо непредизвикан, начело на сосуштественоста и непредизвикан почеток на делувањето.
- Синот се раѓа од Отецот во вечноста, а преку Светиот Дух прима тело на човек и се јавува во светот. По Вознесувањето, своето присуство во светот го остварува во Светиот Дух
- Светиот Дух исходи од Отецот, но во светот е даде, испратен, и се манифестира преку Синот.
- Преку единосуштноста се означува и единствената волја и единственото делување на Троица. Тоа не значи дека делува само Една од Ипостасите, туку Трите Ипостаси делуваат единствено, но секоја на Свој сопствен, личностен начин. Едната како Отец, другата како Син, а третата како Дух Божји. Светите отци користат различни формули за да го објаснат Троичното делување:
- Свети Кирил Александриски вели дека секој дар доаѓа одозгора, од Отецот, преку Синот, во Духот Свет
- Свети Григориј Чудотворец вели дека секое дело почнува од Отецот, проаѓа низ Синот, а се усовршува во Духот.
- Свети Григориј Палама го превзема традиционалниот израз: од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух.
- Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет.
- Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“
- Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека:
- Трите испостаси на Троица имаат заедничка божествена суштина (υοσια)
- Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие
- Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа
- Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите
- Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи.