Разлика помеѓу преработките на „Вселенски собори“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с (interwiki fr)
 
Ред 26: Ред 26:
 
[[el:Οικουμενικές Σύνοδοι]]
 
[[el:Οικουμενικές Σύνοδοι]]
 
[[en:Ecumenical Councils]]
 
[[en:Ecumenical Councils]]
 +
[[fr:Concile œcuménique]]
 
[[ro:Sinoade Ecumenice]]
 
[[ro:Sinoade Ecumenice]]

Последна преработка од 02:17, 27 март 2011

Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Вселенски собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православната Црква (Патријарси, Архиепископи, или Митрополити), од целиот свет на кој се разгледувале прашања поврзани со верата и поредокот во Црквата.

Православната Црква голем дел од светото Предание црпи токму од Вселенски собори, кој после одржувањето оставале акти, односно донесувале канони , ги утврдувале догмите, а сето тоа било објавувано во зборници наречени номоканони. Црквата верува дека првоерарсите на вселенските Собори во своето одлучување биле раководени од Светиот Дух, и затоа нивните одлуки се обврзувачки за сите помесни православни Цркви, во учењето за верата и управувањето и поредокот на Црквата.

Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на соборност, и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Римо-Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.

Надворешни одлики на Вселенските собори

Во надворешните одлики кои се заеднички за Вселенските собори, спаѓа учеството на претставници на сите помесни Цркви, Епископи или нивни заменици, испратени легати. На Вселенските собори учевствувале (скоро) сите Епископи, но и застапниците на сите помесни Цркви. За свикувањето, одржувањето и одлуките на Соборот постоела општа согласност. Со востановувањето на Патријаршиите, било неопходно присуството на сите Патријарси, или барем нивните полномошници. Иницијативата за одржување на Собор потекнува од Црквата, ја одобруваат Епископите, а во Римското Царство, Соборите ги свикувале царевите. Право на учество и гласање на Соборот имаат Епископите. Презвитерите и ѓаконите може да учествуваат на Соборот како заменици и легати на своите Епископи, или со советодавна улога и глас, како помошници на Епископите во водење расправа со еретиците.

Листа на одржаните Вселенски собори