Ипоѓакон

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 15:33, 26 март 2011; направена од Kamasarye (разговор | придонеси) (interwiki)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Ипоѓакон е највисокиот помал чин од клирот во Црквата, повисок од чтец, понизок од ѓакон.

Основната улога на ипоѓаконот е да му помага на Епископот за време на Архиерејската Божествена Литургија, помагајќи му во облекувањето, држејќи му ги богослужбените книги, носејќи ги неговите работи, подавајќи му ги дикирите и трикирите итн. Постои посебен чин за ракополагање на ипоѓакон, иако современа пракса е, со благослов на Епископот, аколитот или чтецот да се облечени како ипоѓакони, повремено или постојано. Исто така, иако постои апостолски канон за ипоѓаконите да не смеат да се женат по нивното ракополагање (26 апостолски канон), современата пракса на помесните Цркви го докажува спротивното.

Ипоѓаконот е облечен во стихар, со орар префрлен околу појасот и рамениците во форма на Х-крст; надвор од Црквата, ипоѓаконите носат мантија. Кога не се служи Архиерејска Литургија, ипоѓаконот ја превзема улогата на аколит, помагајќи му на презвитерот во олтарот.

Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian Local Synod
Основни чинови Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови Ипоѓакон - Чтец - Псалт - Аколит
Други чинови Хорепископ - Егзорцист - Вратар - Ѓакониса
Епископски титули Патријарх - Католикос - Архиепископ - Митрополит - Викарен - Титуларен
Свештенички титули Архимандрит - Протопрезвитер - Протосингел
Ѓаконски титули Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули Архимандрит - Авва - Игумен
Исто така Ракоположување - Одежди - Старешина
Уреди ја кутијата