Разлика помеѓу преработките на „Собор на сите македонски Светители“
с |
с |
||
Ред 3: | Ред 3: | ||
Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род. | Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род. | ||
− | Според најновите информации од 25-от црковно-народен собир одржан 1999 година во САД, Американско - Канадска Епархија, имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја | + | Според најновите информации од 25-от црковно-народен собир одржан 1999 година во САД, Американско - Канадска Епархија, имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја ширеле Христовата вера во Македонија се: |
* [[Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј]], богомудри и рамноапостолни | * [[Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј]], богомудри и рамноапостолни |
Преработка од 21:41, 4 октомври 2008
Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.
Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.
Според најновите информации од 25-от црковно-народен собир одржан 1999 година во САД, Американско - Канадска Епархија, имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја ширеле Христовата вера во Македонија се:
- Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни
- Свети Климент Охридски
- Свети Наум Охридски
- Свети Гаврил Лесновски
- Свети Григориј, епископ Охридски
- Свети Прохор Пчински
- Свети Јоаким Осоговски
- Свети Јосиф, архиепископ Солунски
- Свети Агатангел Битолски
- Свети Георгиј Кратовски
- Света Кирана Солунска
- Свети Никита Серски
- Света Матрона Солунска
- Свети Јован Кукузел
- Свети Александар Солунски
- Свети Еразмо Охридски
- Свети Нектарија Битолски
- Свети Анастас (Спасо Радовишки)
- Света Васа Солунска
- Света великомаченичка Злата Мегленска
- Свети Ефтимиј Солунски
- Свети петнаесет Тиверополски (струмички) маченици
- Свети Роман, епископ Македонски
- Свети Николај, архиепископ Солунски
- Свети Зиновиј и Зиновија Егејкси
- Света Тесалоникија
- Свети Ангел Лерински
- Свети Христо
- Свети Никодим Охридски
- Преподобен Петар Мегленски
- Преподобен Иларион Мегленски
- Преподобен Акакил Серски
- Преподобен Дионисиј Костурски
- Преподобен ѓакон Јаков Костурски
- Преподобен Петар Атонски
- Преподобен Теофил Македонски
- Преподобен Давид Солунски
- Преподобен Атанасиј Атонски
- Преподобен Никодим Елбасански
- Преподобен Јован Рилски
- и сите знајни и незјани македонски светители.