Архимандрит
Архимандрит (грч. αρχιμανδρίτης; буквално, „прв во бачилото“) е свештеномонах, или целибатен свештеник кому е даден високочесен чин во клирот, еден степен понизок од Епископ. Во мирското свештенство, овој чин соодејствува на митрофорнен протојереј (во Русија и онаму каде постои вакво свештенство) или протопрезвитер. Архимандритот, како и протпопрезвитерот се ословува со: „Ваше Високопреподобие!“ Посветувањето за архимандрит се врши со хиротесија.
Во грчката употреба, овој чин бил еквивалентен на игуменскиот, традиционалниот назив на старец на еден манастир. Меѓутоа после 6 век, архимандритскиот чин се издвојува како чин на старец на неколку големи и важни манастири.
Во словенските Цркви, игуменскиот чин се смета за понизок од оној на архимандритот.
Оваа статија е дел од серијата Клир | |
![]() | |
Основни чинови | |
Епископ - Свештеник - Ѓакон | |
Помали чинови | |
Ипоѓакон - Чтец Псалт - Аколит | |
Други чинови | |
Хорепископ - Егзорцист Вратар - Ѓакониса | |
Епископски титули | |
Патријарх - Католикос Архиепископ - Митрополит Викарен - Титуларен | |
Свештенички титули | |
Архимандрит - Протопрезвитер Протосингел | |
Ѓаконски титули | |
Архиѓакон - Протоѓакон | |
Помали титули | |
Протопсалт - Лампардиј | |
Монашки титули | |
Архимандрит Авва - Игумен | |
Исто така | |
Ракополагање - Одежди Старешина | |
Уреди ја кутијата |