Трет вселенски собор
Преработка од 20:10, 9 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{Вовед}} {{никулец}} Третиот вселенски собор (грч: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Εφέσου - Собор ...)
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Третиот вселенски собор (грч: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Εφέσου - Собор во Ефес) е одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица. Во истата црква подоцна се одржал и уште еден собор (449г.) кој го добива називот Расколнички собор, соодветно на неговиот карактер. Третиот вселенски собор бил свикан од царот Теодосиј II Младиот (408-450г.) со цел да се даде одговор на несторијанската ерес, која неколку години предизвикувала немири во Црквата. Во работата на Соборот присуствувале 153 (сто педесет и три) Епископи.