Разлика помеѓу преработките на „Велики Петок“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с (Надворешни врски)
 
Ред 68: Ред 68:
 
== Надворешни врски ==
 
== Надворешни врски ==
  
* [http://preminportal.com.mk/content/view/1740/54/ Премин Портал, Синаксар на Велики Петок]
+
* [http://agapi.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=185:sinaksar-veliki-petok&catid=66:slider&Itemid=125 Агапи, Синаксар на Велики Петок]
  
 
[[Категорија:Богословие]]
 
[[Категорија:Богословие]]
 
[[Категорија:Литургика]]
 
[[Категорија:Литургика]]

Последна преработка од 22:33, 21 април 2011

Христос на Голгота, Светогорска икона на Теофан Критски

Велики Петок (грч: Μεγάλη Παρασκευή) е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Најпрво, Христос бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашувал и Го затворил. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што казната била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос е осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидувал да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управувал со таа покраина. Ирод Го исмева Исуса и повторно Го враќа кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.

Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можел да биде ослободен по волја на народот. И повторно, заблудената и поткупена маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се беси, исполнувајќи го и последното пророштво за него.

Исуса Го водат од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата бива извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнуваат уште два страшни псалми - псалмот 21 („Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“) и псалмот 68 („Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.“). Тука се исполнуваат и најситни детали - војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите зборoви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:

  • Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
  • Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
  • Погледнува кон Јована и ѝ вели на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му вели на Јована: „Еве ти мајка“!
  • Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.
  • Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умира на крстот. Повикува на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“

Богослужби

Богослужбите на Велики Петок почнуваат од вечерта на Велики Четврток, кога се исполнуваат светите и спасителни Страданија на Господ Исус Христос. На средината на храмот, пред постаеното Распетие приоѓаат свештенослужителите и ги читаат деловите на Страдалните Евангелија, дванаесет по број. Првото, и најголемото е Јовановото, во кое Господ ни се открива како пат, вистина и живот и како драгоцен дар на Божјата љубов Кој ги соединува луѓето со Него, и еден со друг, меѓусебно. Ова евангелско читање завршува со Првосвештеничката молитва.

Читањето за Господовите страданија завршува со приказот на запечатувањето на гробот и поставувањето стража, според Евангелието по Матеј.

На Велики Петок, кога Спасителот бил распнат на Крстот, не се извршува божествена Литургија, а на часовите повторно се читаат евангелијата на Неговите страдања. Вечерната (изнесувањето на плаштеницата) е посветено на погребувањето на Спасителот и обично се извршува во средината на денот. Оваа служба, по својата смисла како повеќе да припаѓа на Велика Сабота. Пред почетокот, на средината на храмот се поставува гроб украсен со цвеќе, а на престолот се поставува плаштеницата на која е насликан Спасителот положен в гроб.

Прокимените и алилуите се позајмени од пророчките псалми. По дополнителните песнопеења за Христовата смрт, додека се чита молитвата на св. Симеон Богопримец, свештеникот се облекува во полно одејание и ја кади плаштеницата на престолот. Потоа, на Оче наш, кога се пее тропарот, тој ја крева плаштеницата над глава, го обиколува престолот, излегува на средината на храмот, и ја поставува плаштаницата во импровизираниот гроб. Во некои цркви, на вечерната се пее повечерие, или таканаречено Оплакување на Пресвета Богородица.

Дванаесетте Евангелија за Свети Страданија Христови

  1. Јован 13,31-18,1
  2. Јован 18,1-28
  3. Матеј 26,57-75
  4. Јован 18,28-19,16
  5. Матеј 27,3-32
  6. Марко 15,16-32
  7. Матеј 27,33-54
  8. Лука 24,32-49
  9. Јован 19,25-37
  10. Марко 15,43-47
  11. Јован 19,38-42
  12. Матеј 27,62-66

На часовите

  • Час Први: Захарија 11,10-13; Гал. 16,14-18; Матеј 27,1-56.
  • Час Трети: Исаија 50,4-11; Рим. 5,6-10; Марко 15,16-41.
  • Час Шести: Исаија 52,13-53,12; Евр. 10,19-31; Јован 19,23-37.
  • Час Деветти: Јеремија 11,18-23; 12,1-5,9-11,14-15; Евр. 10,19-31; Јован 19,23-37.

На Вечерна

  • Исход 33,11-23; Јов 42,12-16; Исаија 52,13-53,12.
  • 1Кор. 1,18-2,2; Матеј 27,1-38; Лука 23,39-43; Матеј 27,39-54; Јован 19,31-37; Матеј 27,55-61.

Химнографија

Тропар

Денес виси на дрво, Оној што на води земјата ја обесил
со трнов венец се овенчува Оној што Цар на Ангелите е
во лажен пурпур се облекува, Оној што небото со облаци го облекува
удари прима, Оној што во Јордан го ослободи Адам
со клинци се прикова Младоженецот на Црквата
со копје е прободен Синот на Дева.
Се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
покажи ни го и славното Твое Воскресение.

Видете исто така

Надворешни врски