Кеноза
Кеноза (гр. кενοσις, испразнување, осиромашување, унижување, смирување) : состојба на унижување или испразнување која Синот Божји ја прифаќа во Своето Воплотување, како акт на послушност кон Оца : „Кој, иако беше во обличје Божје, не го сметаше за земањетоа што е еднаков со Бога; туку себе се понижи земајќи обличје на слуга, беше подобен на човештвото, и по изглед се најде како човек; се понизил себе и бил послушен до смртта, и тоа до смртта на крст “(Филип. 2,6-8). Тоа е состојба која не може адекватно са са сфати, ниту опише.
Во систематската теологија, кеноза се сфаќа како последица на ипостасното единство. Во Христа, Бог постанува учесник ви жиотот на човекот: „ги прими нашите гревови и умре за нас“ да би му дал на човекот можност да дојде до Бога. Во Воплотувањето Свое, Бог го објавува Своето Божество, да би се спуштил до човековата состојба, земајќи обличје на „слуга“(διακονος). „Неопфатливиот Логос Отечки, ти си го опфатила Богородице, кога Тој се воплотил“, така да би се поистоветил Синот Божји со Синот човечки. Тој се спуштил приклонувајќи ја небесата (καταβασις) да би бокажал како икономијата на спасението не е фантазија (φαντασια), туку стварност и дело на послушност. Концепциите за кенозата поттикнале различни сруи на духовности. Во филокалијските (добротољубие) списи, кенозата е пример на хрисијанската смиреност, доблест која ѓаволот највеќе ја мрази, бидејќи е спротивна на гордоста и славољубието, на ѓаволските ставови без некој равен на нив. Познат е „рускиот кенотизам“, аскетска струја која, превеличувајќи го унижувањето на Синот во чинот на Воплотувањето, проповедала духовност основана врз уништување на личноста. А кенозата, пред сè, е начин на снисходење и послушност, по Христовиот пример: „Тој постанува послушен на Оца, исцелувајќи ја нашата сопствена непослушност, со тоа што го примил од нас и како ние, и постанува заради нас пример на послушност без која нема спасение“(Свети Јован Дамаскин, За православната вера, III, 1, стр. 98).