Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос. Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот pesach, со значење Премин. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

Со Воскресението од гробот Хрисос ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според Светото Писмо, во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукаа и некои праведници дури во тој момент станаа од нивните гробови.

Воскресение Христово

Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Распнат меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот.

Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови.повеќе