Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
Во најопшта смисла есхатологијата е — учење за „последните нешта“, за конечните судбини на светот и човекот. Самиот терминот есхатологија потекнува од грчкиот збор „есхатос“, што значи „последен“, а исто така и „крај“, „крајна граница“.
+
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
 +
Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос. Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот pesach, со значење Премин. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, [[молитва]], [[пост]] и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.  
  
Од една страна, есхатологијата кажува за тоа, дека светот како космос, како животно пространство на човекот, без оглед на неговата изопачена состојба, не е туѓ за христијаните. Христијаните не смеат да бегаат од светот, во кој дошол Божјиот Син за да го спаси. Токму во светот Црквата, која е Телото Христово, ја има својата мисија. Тоа е мисија за просветување и осветување на светот. „Не молам, Ти да ги земеш од светот – говори Спасителот за Своите ученици во Првосвештеничката молитва, — туку да ги зачуваш од злото” (Јн. 17. 15). Христијаните не смеат да потонуваат во апокалиптичките очекувања на скориот Крај на историјата, заборавајќи го својот долг и повик во историјата на овој свет. Но, од друга страна, есхатологијата кажува за тоа, дека судбината и повикот на човекот не се ограничува со престојот во овој свет, каде што, во крајна сметка, победува смртта. Зашто, смртта веќе е победена со Воскресението Христово. И таа победа ќе восторжествува по крајот на овој свет, кога Господ кој дошол во слава ќе Му го предаде Своето Царство на Бог и Отецот (1 Кор. 15. 24). И тогаш ќе се јават Новото небо и Новата земја — каде што живее правдата.  
+
Со Воскресението од гробот Хрисотс ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]], во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукаа и некои праведници дури во тој момент станаа од нивните гробови.
  
Како резултат на гревопадот, човекот отпаднал од Бога. Сепак, Бог кој е богат со милост, не го презрел Своето создание и сè извршил заради нас и заради нашето спасение — сè до тоа, што го дал Својот Еднороден Син, за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот (Јн. 3. 16). Тој вечен живот, приготвен за Христовите верни, настапува веднаш по есхатолошкото завршување на битието на „овој свет“. во Никео-Цариградскиот Символ на верата оваа есхатолошка вистина е изразена во форма на надежта на секој христијанин: „Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век“. [[Есхатологија|повеќе]]
+
Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Распнат меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот.
 +
 
 +
Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови.[[Велигден|повеќе]]

Преработка од 23:31, 15 април 2008

Воскресение Христово

Велигден, односно Пасха (Πάσχα), е празник на Воскресението на Господ Исус Христос. Пасха како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот pesach, со значење Премин. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

Со Воскресението од гробот Хрисотс ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според Светото Писмо, во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукаа и некои праведници дури во тој момент станаа од нивните гробови.

Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Распнат меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот.

Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови.повеќе