Собор на сите македонски Светители

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.

Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.

Според најновите информации од 25-от црковно-народен собир одржан 1999 година во САД, Американско - Канадска Епархија, имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја жиреле Христовата наука во Македонија се:

  • Свети солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни
  • Свети Климент Охридски
  • Свети Наум Охридски
  • Свети Гаврил Лесновски
  • Свети Григориј, епископ Охридски
  • Свети Прохор Пчињски
  • Свети Јоаким Осоговски
  • Свети Јосиф, архиепископ Солунски
  • Свети Агатангел Битолски
  • Свети Ѓорѓи Кратовски
  • Света Кирана Солунска
  • Свети Никита Серски
  • Света Матрона Солунска
  • Свети Јован Кукузел
  • Свети Александар Солунски
  • Свети Еразмо Охридски
  • Свети Нектарија Битолски
  • Свети Анастас (Спасо Радовишки)
  • Света Васа Солунска
  • Света Злата Мегленска
  • Свети Ефтимиј Солунски
  • Свети петнаесет Тиверополски (струмички) маченици
  • Свети Роман, епископ Македонски
  • Свети Николај, архиепископ Солунски
  • Свети Зиновиј и Зиновија Егејкси
  • Света Тесалоникија
  • Свети Ангел Лерински
  • Свети Христо
  • Свети Никодим Охридски
  • Преподобен Петар Мегленски
  • Преподобен Иларион Мегленски
  • Преподобен Акакил Серски
  • Преподобен Дионисиј Костурски
  • Преподобен ѓакон Јаков Костурски
  • Преподобен Петар Атонски
  • Преподобен Теофил Македонски
  • Преподобен Давид Солунски
  • Преподобен Атанасиј Атонски
  • Преподобен Никодим Елбасански
  • Преподобен Јован Рилски
и сите знајни и незјани македонски светители.