Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Седми вселенски собор

Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Седмиот вселенски собор (грч: Η Ζ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Δεύτερη Σύνοδος της Νίκαιας - Втор Никејски собор) е одржан во Никеја, Мала Азија од 24 септември до 23 октомври 787 година. Соборот бил свикан од страна на младиот цар Константин IV и неговата мајка, Ирина. Причина за свикување на овој Собор било иконоброството, односно одбивањето и уништувањето на иконите од Црквата. Иконите отсекогаш се почитувале како видлив начин на искажување на побожноста кон Бога и светителите.

Историски околности

Царот Лав III Исавриец во 727 година издал едикт со кој се забранило почитувањето на иконите и секое сликовито претставување на Бога. Потоа поставува иконоборен патријарх, а од папата Григориј III, кој ги одлачил иконоборците, ја одзел провинцијата Илирик, и ја предал под Цариградска јурисдикција. Неговиот наследник, Константин IV Копроним свикува (иконоборен) Собор во 754 година во Цариград, кој го осудува почитувањето на иконите и ги исклучува од Црквата оние кои ги почитуваат иконите, вклучително и свети Јован Дамаскин, еден од најголемите бранители на теологијата на иконите.

Царот Лав IV Хазар бил противник на иконите, додека неговата жена, царица Ирина потајно ги почитувала. По неговото упокојување, таа била во можност да го спречи иконоборството кое траело околу педесет години. Тогашниот Патријарх Павле IV се повлекол сам, а за нов Патријарх бил избран многу наобразуван и побожен човек, лаикот Терасиј. Царица Ирина, со поддршка на Патријархот Терасиј и Римскиот Епископ Адријан I, го свикала Соборот во Никеја.

Тек на Соборот

Одлуки

Пост-соборен развој

Одлуки и канони

Видете исто така