Свето Писмо
Во Светото Писмо или Библијата (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото.
Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји ушатен до секој човек.
Егзегетска содржина
Содржински, Библијата започнува со создавањето на светото и животот во него, а завршува со есхатолошкото исполнување. Започнува со една градина, а завршува со еден град; започнува со едно прекрасно утро по кое следува ноќ, а завршува со еден ден после кој ќе нема ноќ. Таа со својот почеток ја прекинува вечноста и го започнува времето - молчењето го завршува со „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1 Мојс.1,1) и го завршува тоа дело со зборовите „Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас, Амин.“ (Отк. 22,21) Го остава човекот покрај затворената врата на рајот, а го поставува пред отворената Небесна врата.
Во првите страници на Светото Писмо има казна, а во последните повик. Крај затворената порта на рајот пред лицето на Адама, што сам си ја затвори, стои ангел чувар со меч, а крај отворената порта стои Светиот Дух и Христос, Кој ги повикува сите да влезат низ неа.
Светото Писмо
Канони на Светото Писмо
Библијата се дели на два канона: Стар и Нов Завет (завет = сојуз). Стариот Завет претставува Божји договор , завет, сојуз на Бога со Израелот и е припрема за потполната Божја објава и исполнување на Неговото ветување, и Новиот Завет, запечатен со крвта на Божјата Реч, Синот Божји, Господ Исус Христос. Двата канона заедно се напишани од повеќе од четириесет Божји избраници во продолжен временски период од 1 400 години. Во неа има 77 книги.
За Христијаните и Стариот Завет и Новиот се исти по значење. Новиот Завет претставува исполнување на Стариот во кого пак се дадени пророштвата за Месијата, и историјата на Божјото откровение на луѓето. Во Новиот Завет се опишани земниот живот на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, Неговите чуда и востанувањето на Христијанската Црква и нејзиниот развиток во првите векови на Христијанството. Секој православен Христијанин е должен секојдневно да го чита Светото Писмо. Тоа претставува сигурен патеводител во животот и најсилна одбрана од демоните и искушенијата.
Освен Светата Билија како извор на Христијанското учење, Светото предание претставува најсигурен гарант како треба да се разбере Библијата. Светото Писмо и Светото Предание, за Православните Христијани се исти по значење. Без Светото Предание, а само со Светата Биллија, човек изгледа како некој кому му е даден раскошен дворец на чување а притоа не му е даден клуч за да влезе во него.