Книга пророк Исаија

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

„Книга пророк Исаија“ е дваесет и третата книга од канонот на Стариот Завет, или дванаесетта од Танахот. Нејзин автор е св. пророк Исаија (евр. Јешајаху). Книгата е пишувана во времето кога Северното Царство било освоено од Асирците. Во книгата, пророк Исаија ја осудува социјалната неправда преку која се согледува слабата посветеност на Израилот кон Бога. Тој го упатува народот надежта да ја положи во Семоќниот Бог, а тоа да го покажат со тоа што приватниот и јавниот живот ќе го водат на начин што ќе сведочи за нивната вера во Бога.

Содржина

Книгата е организирана систематски, но не нужно хронолошки. Во првиот дел (гл. 1-39) се разобличува неправдата, а во вториот (гл. 40-66) се нуди утеха за израелскиот народ.

Современото либерално богословие книгата ја дели на три дела, и на сите три им припишува различни автори: првиот дел (гл. 1-39) го смета за дело на св. пророк Исаија, вториот (гл. 40-55) за дело на Второ-Исаија (Девтероисаија), а третиот (гл. 56-66) за Трето-Исаија (Тритоисаија).

Богослужбена употреба

Книгата на св. пророк Исаија е една од најуважуваните во Православната Црква и се користи во нејзиниот литургиски живот. За време на Великиот пост, на секојдневните богослужби од понеделник до петок, на шестиот час се читаат зачала од оваа книга. Покрај тоа, делови од оваа книга се читаат како паримии на многу вечерни богослужби во текот на годината.