Книга Песна над песните
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Книгата „Песна над песните“ (или на еврејски שיר השירים, односно Shir ha-Shirim), е книга од Светото Писмо на Стариот Завет. Позната е и под името „Песната на Соломон“ па дури и како „Црковни химни“, второво како резултат на анлискиот скратен вулгата превод Canticum Canticorum, односно „Песна над песните“ на латински. Позната е како Аисма во Септуагинтата, што е, пак, скратено од ῏Αισμα ᾀσμάτων, Aisma aismatôn или "Песна над песните" на грчки.
Песна над песните долго време се претставува како алегорична презентација на односот меѓу Бога и Израилот како жених и невеста. Ова е една од најкратките книги во Библијата, која содржи само 117 стихови.