Свето Писмо

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свето Писмо

Серија статии за Светото Писмо

Стар Завет
Битие · Исход · Левит
Броеви · Повторени закони
Исус Навин · Судии Израилеви · Рут
1 Царства · 2 Царства · 3 Царства
4 Царства · 1 Летописи · 2 Летописи
1 Ездра · 2 Ездра · 3 Ездра · Неемија
Товит · Јудита · Естир
1 Макавејска · 2 Макавејска · 3 Макавејска
Псалми · Јов · Изреки · Проповедник
Песна над песните · Мудрост Соломонова
Мудрост Сирахова · Исаија · Јеремија
Плач Јеремиин · Послание Јеремиино
Варух · Језекиил · Даниил · Осија
Јоил · Амос · Авдиј · Јона
Михеј · Наум · Авакум · Софонија
Агеј · Захарија · Малахија

Нов Завет
Евангелие по Матеј · Евангелие по Марко
Евангелие по Лука · Евангелие по Јован
Дела на светите апостоли од св. ап. Лука
Прво соборно послание на св. ап. Петар
Второ соборно послание на св. ап. Петар
Прво соборно послание на св. ап. Јован Богослов
Второ соборно послание на св. Јован Богослов
Трето соборно послание на св. ап. Јован Богослов
Соборно послание на св. ап. Јуда
Послание на св. ап. Павле до Римјаните
Прво послание на св. ап. Павле до Коринтјаните
Второ послание на св. ап. Павле до Коринтјаните
Послание на св. ап. Павле до Галатјаните
Послание на св. ап. Павле до Ефесјаните
Послание на св. ап. Павле до Филипјаните
Послание на св. ап. Павле до Колосјаните
Прво послание на св. ап. Павле до Солунјаните
Второ послание на св. ап. Павле до Солунјаните
Прво послание на св. ап. Павле до Тимотеја
Второ послание на св. ап. Павле до Тимотеја
Послание на св. ап. Павле до Тит
Послание на св. ап. Павле до Филимона
Послание на св. ап. Павле до Евреите
Откровение на св. ап. Јован Богослов

Во Светото Писмо или Библијата (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото.

Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји ушатен до секој човек.

Егзегетска содржина

Содржински, Библијата започнува со создавањето на светото и животот во него, а завршува со есхатолошкото исполнување. Започнува со една градина, а завршува со еден град; започнува со едно прекрасно утро по кое следува ноќ, а завршува со еден ден после кој ќе нема ноќ. Таа со својот почеток ја прекинува вечноста и го започнува времето - молчењето го завршува со „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1 Мојс.1,1) и го завршува тоа дело со зборовите „Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас, Амин.“ (Отк. 22,21) Го остава човекот покрај затворената врата на рајот, а го поставува пред отворената Небесна врата.

Во првите страници на Светото Писмо има казна, а во последните повик. Крај затворената порта на рајот пред лицето на Адама, што сам си ја затвори, стои ангел чувар со меч, а крај отворената порта стои Светиот Дух и Христос, Кој ги повикува сите да влезат низ неа.

Светото Писмо

Канони на Светото Писмо

Библијата се дели на два канона: Стар и Нов Завет (завет = сојуз). Стариот Завет претставува Божји договор , завет, сојуз на Бога со Израелот и е припрема за потполната Божја објава и исполнување на Неговото ветување, и Новиот Завет, запечатен со крвта на Божјата Реч, Синот Божји, Господ Исус Христос. Двата канона заедно се напишани од повеќе од четириесет Божји избраници во продолжен временски период од 1 400 години. Во неа има 77 книги.

За Христијаните и Стариот Завет и Новиот се исти по значење. Новиот Завет претставува исполнување на Стариот во кого пак се дадени пророштвата за Месијата, и историјата на Божјото откровение на луѓето. Во Новиот Завет се опишани земниот живот на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, Неговите чуда и востанувањето на Христијанската Црква и нејзиниот развиток во првите векови на Христијанството. Секој православен Христијанин е должен секојдневно да го чита Светото Писмо. Тоа претставува сигурен патеводител во животот и најсилна одбрана од демоните и искушенијата.

Освен Светата Билија како извор на Христијанското учење, Светото предание претставува најсигурен гарант како треба да се разбере Библијата. Светото Писмо и Светото Предание, за Православните Христијани се исти по значење. Без Светото Предание, а само со Светата Биллија, човек изгледа како некој кому му е даден раскошен дворец на чување а притоа не му е даден клуч за да влезе во него.

Видете исто така

Стар Завет Нов Завет Свето Евангелие