Месопусна недела

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 11:18, 7 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (=Егзапостилар)
Прејди на: содржини, барај
Страшниот Суд

Месопусна недела (наречена уште и «Недела на Страшниот Суд») се нарекува „месопусна“ бидејќи за време на сите денови кои следат (до Пасха) Црквата пропишала ограничен пост – воздржување од месо. Оваа недела е третата подготвителна недела од Посниот Триод, литургиска книга која се користи за службите во Великиот Пост. Неделата на Страшниот Суд следи по Неделата на блудниот син, а пред Прочка.

Евангелието кое се чита оваа недела се сеќава на Христовата парабола за Страшниот Суд (Матеј 25,31-46). Ова Евангелие ја надополнува сликата која се создава со Евангелијата од претходните недели, и поучува дека не е доволно да се види Христос, да се видиме себе си какви сме и да се вратиме во домот на Бога како блудни синови. Напротив, Црквата учи дека дополнително, секој од нас треба да биде син Божји преку следењето на Христа (imitatio Christi), Неговиот Единороден Син, и воочувањето на страшната вистина дека Христос е во секој од нас, и Му служиме преку ближниот.

Спасението и Страшниот Суд ќе зависат од делата на луѓето, не од нивните намери. Сета побожност и молитва се насочени кон целта да Му се служи на Христос преку неговите верни.

Верните слушаат:

«Оти, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене.' Тогаш праведниците ќе му одговорат и речат: 'Господи, кога Те вивовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога те видовме болен, или во затвор, и Те посетивме?' А царот ќе им одговори и рече: 'Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.'» (Матеј 25,35-40)

Химнографија

Кондак

глас 1
Кога ќе дојдеш на земјата со слава, Боже,
сета твар ќе затрепери, река огнена пред судот тече,
книгите се отвораат, и тајните се откриваат.
Тогаш избави ме од неизгасливиот оган и удостој ме
од Твојата десна страна да застанам, Судијо најправеден.

Егзапостилар

Помислувајќи на страшниот ден на судот сосема треперам,
Господи, и тресејќи се, со страв викам:
Кога ќе дојдеш на земјата со слава да судиш сѐ,
Христе Боже, избави ме од секакво измачување, Владико,
Ти Кој ме удостои да застанам десно од Тебе.

Видете исто така

Надворешни врски