Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Вратар

Преработка од 13:42, 25 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Вратар''', или портир, е посебна служба во пониските чинови на православниот клир. Задачата на вратаро...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Вратар, или портир, е посебна служба во пониските чинови на православниот клир. Задачата на вратарот во раната Црква се состоела од отворање и затворање на вратите на храмот, чувањето на црковната зграда во ред и грижењето за излегување на сите огласени пред почетокот на Литургијата на верните.

Историја

Во Римското Царство, портирите биле робови од најнизок ранг кои внимавале на влезот во домот на својот господар. Во времето на прогонот на Црквата во Римското Царство, било неопходно да се имитира секуларната традиција, а со цел чување на безбедноста на верните и на Светите Тајни. Епископот Римски Корнелиј, во неговото писмо до Епископот Антиохиски Фабиј, во 251 година, објаснува дека во Црквата во Рим има (меѓу другите чинови) и 52 истерувачи (егзорцисти), чтецови и вратари. Во 258 година, портирот Романиј маченички пострадал заедно со св. Лаврентиј.

Остатоци од функцијата на вратарите сеуште може да се најдат во животот на Црквата. На пример, пред читањето на Символот на верата, ѓaконот или свештеникот, возгласува: „Двери! Двери! Со премудрост да внимаваме!“ Традиционално, во тој дел од Светата Литургија секој неверник или огласен морало да ја напушти Црквата, и за ова биле одговорни вратарите.

Оваа статија е дел од серијата
Клир
 
Основни чинови Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови Ипоѓакон - Чтец - Псалт - Аколит
Други чинови Хорепископ - Егзорцист - Вратар - Ѓакониса
Епископски титули Патријарх - Католикос - Архиепископ - Митрополит - Викарен - Титуларен
Свештенички титули Архимандрит - Протопрезвитер - Протосингел
Ѓаконски титули Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули Архимандрит - Авва - Игумен
Исто така Ракоположување - Одежди - Старешина
Уреди ја кутијата