Разлика помеѓу преработките на „Аполинаризам“
(New page: '''Аполинаризам''' е христолошка ерес од четвртиот век. Именувана е по Аполинариј од Лаодикија, нејзин...) |
(нема разлика)
|
Преработка од 16:52, 10 март 2010
Аполинаризам е христолошка ерес од четвртиот век. Именувана е по Аполинариј од Лаодикија, нејзиниот творец и проповедал, и учи дека Исус Христос имал човечко тело и човечка душа, но не и човечки разумен ум (нус), затоа што Божествениот Логос го завзел неговото место. Аполинаризмот бил осуден на Вториот вселенски собор, заедно со Македонијанизмот и другите христолошки и тријадолошки ереси. Приврзаниците на несторијанизмот во некои наврати ги обвинувале православните и монофизитските богослови како аполинаристи.