Разлика помеѓу преработките на „Свети Јован Богослов“
с (→Житие) |
с |
||
Ред 35: | Ред 35: | ||
[[Категорија:Свети апостоли]] | [[Категорија:Свети апостоли]] | ||
+ | [[Категорија:Избрани статии]] | ||
[[ar:يوحنا]] | [[ar:يوحنا]] |
Преработка од 19:23, 20 мај 2009
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист, девственик и ученикот кој Христос го љубеше, е заведеев син, и син на Саломија, ќерка св. Јосиф Целомудрен. Споменот на овој „син на молњата“ се слави на денот на неговото упокојување, 9 октомври (26 септември ст.ст.). Поради тоа што секоја година од гробот на свети апостол и евангелист Јован излегувал мек прав, кој верните го собирале, и од него се случиле голем број на излекувања, Црквата го слави и споменот на овие чуда на свети Јован Богослов на 21 мај (8 мај ст. ст.). Поради посведочениот огнен и жртвен идеал на Христијанската љубов, овој апостол е наречен „Апостол на љубовта“, а поради неискажаните височини на неговата богословска мисла доделен му е орелот како иконографски символ на неговата теологија во која се откриваат Божјите тајни. Воедно, тој е и првиот богослов на Православната Црква (еден од тројцата, при што другите двајца се свети Григориј Богослов и свети Симеон Нов Богослов).
Содржина
Житие
Јован Богослов бил повикан, заедно со неговиот постар брат Јаков да биде апостол од самиот Христос, повик кој тие веднаш го прифатиле и пошле по него. По прифаќањето на овој повик. светиот апостол никогаш не се делел од својот Учител, и постанал еден од тројцата апостоли кои биле посебно блиски со него; тој бил присутен при воскреснувањето на јаировата ќерка, како и светото Преображение на планината Таор. На Тајната Вечера, Јован стоел веднаш до Христос, полагајќи ја својата глава на Неговите гради. Потоа, Го следел Учителот во Гетсеманската градина, од каде Христос бил одведен во дворот на првосвештениците, и од таму, на судот па на Голгота. Сето тоа време, свети Јован Богослов бил покрај својот Учител, жалејќи Го и полакувајќи Го со сето свое срце.
Покрај Крстот, тој стоел заедно со Богородица, слушајќи ги зборовите на Распнатиот Господ, упатени кон Богомајката: „Жено, еве ти син.“ И кон него: „Еве ти мајка“ (Јован 19,26-27). Од тој момент, светиот апостол, како сакан син, се грижел за Пресветата Богородица Марија, и нејзе и служел до нејзиното Успение.
По Успението на Богомајката, светиот апостол Јован заминал за Ефес и во другите градови во Мала Азија, за да го проповеда Евангелието, поведувајќи го со себе и својот ученик Прохор. Запловиле со еден брод, кој пострадал од голема бура; сите патници биле исфрлени на брегот, освен апостолот Јован, кој, се чинело, останал на морското дно. Свети Прохор горко го оплакал својот духовен отец и раководител, и сам заминал накај Ефес. На четиринаесетиот ден од неговото патување, здогледал како морето исфрла тело на еден маж. Кога се приближил, го познал апостолот Јован Богослов, кој, по сé излгеда, го преживеал бродоломот, и бил сочуван жив од страна на Господ Исус Христос. Тогаш заедно продолжиле кон Ефес, каде свети Јован Богослов неуморно Го проповедал Христа на незнабожците. Неговата проповед била придружена со многубројни и големи чуда, така што бројот на верните растел секојдневно.
Прогонство на Патмос
Токму во тоа време започнал прогонот на Христијаните од страна на императорот Нерон (56-68 година). Јован бил однесен на судење во Рим, каде бил осуден на смрт поради исповедање на верата во Воскреснатиот Христос; но, Христос го спасил својот избраник. Апостолот испил цел сад полн со отров, но преживеал. Подоцна, исто така останал жив и неповреден од казан полн со врело масло во кој бил фрлен на наредба од мачителите. Откако виделе дека не можат да го убијат, светиот апостол бил испратен во прогонство во Патмос. Тука апостолот поминал долго време, продолжувајќи ја својата проповед и чинејќи многу чуда. На тој начин, ги преобратил сите жители на островот, осветлувајќи ги со Светлината на Евангелието. Издонил многу демони од паганските храмови, и излечил голем број болни луѓе.
Проповед и дела
Тоа, секако, предизвикало гнев и страв кај локалните жреци, особено кај главниот жрец Киноп, кој ги повикал да го убијат апостолот на љубовта. Но Јован, преку благодатта Божја пројавена во него, ги уништил сите демонски моќи со кои Киноп располагал, за на крај самиот жрец да исчезне во длабочините на морето.
Апостол Јован се повлекол заедно со својот ученик, св. Прохор на осамена височинка, каде се оддал на тридневен пост. Кога се молел, земјата се тресела и молњи татнеле. Прохор се исплашил, и паднал на земја. Јован го кренал, и му кажал да го пишува она што ќе му го каже: „Јас сум Алфа и Омега, почеток и крај, - вели Господ, Кој е, Кој бил, и Кој иде, Седржителот.“ (Откровение 1,8) откривајќи Го Божјиот Дух преку светиот апостол. На тој начин, околу 67 година било напишано Откровението Јованово, познато и како Апокалипсис (Апокалипса), една од најконтроверзните книги од Светото Писмо.
После неговиот продолжен прогон, апостолот бил ослободен и се вратил во Ефес, каде продолжил да ги чува Христијаните од лажните учители и нивните лажни учења. Токму во тој период, во Ефес, во 95 година светиот апостол Јован го пишува Евангелието кое го носи негово име. Во него, тој ги повикува сите Христијани да Го љубат Бога и да се љубат меѓу себе, и преку оваа љубов да ги исполнат Христовите заповеди. Поради учењето дека човекот не може да се приближи на Бога освен преку љубовта, Црквата го нарекла свети Јован „Апостол на Љубовта“. Надживувајќи ги другите апостоли, свети Јован Богослов бил единствениот жив сведок на земниот живот на Спасителот и Неговото учење.
Во неговите три соборни посланија, свети Јован говори за значењето на љубовта кон Бога и ближниот. Веќе во поодминати години, разбрал дека некој млад човек застранил од вистинскиот пат и пошол како водач во некоја банда на крадци. Свети Јован пошол во планините да го побара; кога младичот го видел старецот, поитал да се сокрие, но свети апостол Јован сепак го пронашол, и му рекол дека ќе ги превземе сите негови гревови на себе, само доколку младичот се покае и не ја уништи својата душа. Потресен од силната љубов на светиот старец, младиот човек се покајал и го исправил својот живот.
Чудесно упокојување
Кога наближило времето за негово заминување од светот, тој заминал надвор од Ефеските граници, заедно со семејствата на неговите ученици. Ги замолил да му подготват гроб во вид на крст, во кој легнал, замолувајќи ги своите ученици да го покријат со земја. Учениците, насолзени го целивале својот возљубен учител, и бивајќи послушни, го покриле неговото лице со лесен материјал, и потоа целото тело со земја. Кога другите ученици дознале за погребот на својот учител, дошле на истото место; сакајќи да се простат со него, го откопале гробот, и виделе дека е празен.