Разлика помеѓу преработките на „Парабола“
с |
|||
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | '''Парабола''' се | + | '''Парабола''' или параболи се нарекуваат кратките метафорични и поучни раскази со кои [[Господ Исус Христос]] се обраќа кон народот и [[апостол]]ите, и им открива големи тајни. Кога Христос ги користел параболите, тој не очекувал народот да ги разбре (сп. Мт. 13,10-17). Употребата на параболи е дел од старозаветното предание. Параболите се дел од првите три (синоптички) евангелија. Бидејќи се клуч на Неговото учење, Црквата ги користи во богослужбите. Периодот на Посниот триод, на пример, започнува со [[Недела на митарот и фарисејот|параболата за митарот и фарисејот]]. Во текот на целата година, за време на читањето на [[Свето Евангелие|Евангелието]] на [[Литургија]], верните ги слушаат новозаветните параболи. |
== Новозаветни параболи == | == Новозаветни параболи == |
Последна преработка од 09:24, 8 мај 2017
Парабола или параболи се нарекуваат кратките метафорични и поучни раскази со кои Господ Исус Христос се обраќа кон народот и апостолите, и им открива големи тајни. Кога Христос ги користел параболите, тој не очекувал народот да ги разбре (сп. Мт. 13,10-17). Употребата на параболи е дел од старозаветното предание. Параболите се дел од првите три (синоптички) евангелија. Бидејќи се клуч на Неговото учење, Црквата ги користи во богослужбите. Периодот на Посниот триод, на пример, започнува со параболата за митарот и фарисејот. Во текот на целата година, за време на читањето на Евангелието на Литургија, верните ги слушаат новозаветните параболи.
Новозаветни параболи
Парабола | Евангелие |
---|---|
За сејачот | Мт. 13,3-23; Мк. 4,3-8; Мк. 4,14-20; Лк. 8,5-8; Лк. 8,11-15 |
За доброто семе и каколот | Мт. 13,24-30; Мт. 13,36-43 |
За семето синапово | Мт. 13,31-32 |
За квасот | Мт. 13,33 |
За драгоценоста, сокриена во нива | Мт. 13,44 |
За трговецот кој бара убави бисери | Мт. 13,45-46 |
За мрежата што се фрла во морето | Мт. 13,47-50 |
За немилосрдниот должник | Мт. 18,23-35 |
За работниците во виноградот | Мт. 20,1-16 |
За двајцата синови | Мт. 21,28-31 |
За лошите лозари | Мт. 21,33-41; Мк. 12,1-9; Лк. 20,9-16 |
За благоразумниот слуга | Мт. 24,45-51 |
За десетте девици | Мт. 25,1-13 |
За талантите | Мт. 25,14-30 Лк. 19,11-28 |
За посеаното семе кое никој не знае како никнува и расте | Мк. 4,26-29 |
За двајцата должници | Лк. 7,41-43 |
За добриот самарјанин | Лк. 10,25-37 |
За човекот кој на полноќ бара леб од својот пријател | Лк. 11,5-8 |
За богатиот младич | Лк. 12,16-21 |
За неплодната смоква | Лк. 13,6-9 |
За свадбената вечера | Мт. 22,1-14; Лк. 14,16-24 |
За заблудената овца | Мт. 18,12-14; Лк. 15,3-7 |
За загубената драхма | Лк. 15,8-10 |
За блудниот син | Лк. 15,11-32 |
За неверниот домаќин | Лк. 16,1-9 |
За Лазар и богатиот | Лк. 16,19-31 |
За слугата вратен од поле | Лк. 17,7-10 |
За неправедниот судија | Лк. 18,1-8 |
За митарот и фарисејот | Лк. 18,9-14 |
За десетте мини | Лк. 19,11-27 |
За смоквата и сите дрвја | Мт. 24,32-35; Мк. 13,28-31; Лк. 21,29-31 |
За добриот пастир и наемниците | Јн. 10,1-16 |
Симболични раскази
Покрај параболите, во Новиот Завет се познати и неколку симболични раскази кои ги изговорил Христос.
- за благоразумниот човек кој изградил дом на камен, и неразумниот човек кој си изградил дом на песок (Мт. 7,24-27, Лк. 6,47-49),
- за старите облеки и старите мевови (Мт. 9,16-17, Лк. 5,36-39)
- за младоженецот и сватовите (Мт. 9,15).
- за двајцата слепи (Лк. 6,39-40), посочено и во разобличувањето на книжниците и фарисеите (Мт. 15,14)
- за куќата на силниот човек (Мт. 12,29)
- за овцата, падната во јама (Мт. 12,11-12)
- за домаќинот и крадецот (Мф. 24,43)
- за децата (Лк. 7,32)
- за поделените царства, градови и домови (Мт. 12,25)
- за малите птици (Мт. 10,29-31)